Идентификација и менаџмент на ризик во технички проекти

Објавено: октомври 12, 2018

1.    Наслов на наставниот предмет

Идентификација и менаџмент на ризик во технички проекти

2.    Код

3ФЕИТ04З007

3.    Студиска програма

ЕЕУМ

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

IV/7

7.    Број на ЕКТС

6.00

8.    Наставник

Д-р Вангел Фуштиќ

9.    Предуслов за запишување на предметот

 

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Стекнување стручно знење и вештини за идентификација и менаџирање на ризиците и можностите во проектите.

11.    Содржина на програмата: Основни поими за менаџмент на ризик. Светски трендови во менаџирање на ризиците.ПМБОК (PMI) и менаџмент на ризик. Проектен ризик. Категории на ризици во различни типови проекти и во различни фази на животниот циклус. Цели на менаџмент на ризик. Фази на менаџмент на ризик. Идентификација, Квантификација. Статус на ризиците.  Проценка на ризикот. Критериуми за проценка. Избегнување или трансфер на ризикот. Пресретнување на ризикот. Одговор на ризикот. Најголем ризик фактор во проектите. Ризикот во бизнис опкружувањето. Техники на менаџмент на ризик. Анализа на менаџмент на ризик.Ризик базиран на знаење и факти. Портфолија на менаџмент на ризик.  Ризикот и критериумите за успех за мисијата на проектот. Обем на работите и ризикот. Алокација на ризикот.  Договори.

12.    Методи на учење: Предавања поддржани со презентации, интерактивни предавања, аудиториски вежби, анализа на ризикот во реални проекти во ЕЕ, стручни предавања од практиката, самостојна изработка на план за менаџирање на ризиците.

13.    Вкупен расположив фонд на часови

3 + 2 + 0 + 0

14.    Распределба на расположивото време

180

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

45

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

30

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

30

16.2. Самостојни задачи

30

16.3. Домашно учење

45

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

35

17.2. Семинарска работа/проект

10

17.3. Активност и учење

5

17.4. Завршен испит

50

18.    Критериуми за оценување

до 49 бодови

5 (пет) (F)

од 50 до 59 бодови

6 (шест) (E)

од 60 до 69 бодови

7 (седум) (D)

од 70 до 79 бодови

8 (осум) (C)

од 80 до 89 бодови

9 (девет) (B)

од 90 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

Изработка на семинарска работа

20.    Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

21.    Метод на следење на квалитетот на наставата

Студентска анкета и самоевалуација

22.    Литература

22.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Том Кендрик Идентификација и менаџирање на проектен ризик merikanska asocijacija za menaxment 2003

2

Џон Шулер Анализа на ризик и одлучување во проекти Институт за проектен менаџмент 2001

22.2. Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Глен Колер Проценка на ризик и донесување одлуки во бизнисот и индустријата ЦРЦ Прес 1999