| 1. | Наслов на наставниот предмет | Истражувачки проект од областа на проектен менаџмент | |||||||||||
| 2. | Код | 4ФЕИТ05 | |||||||||||
| 3. | Студиска програма | 5-ПМ | |||||||||||
| 4. | Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел) | Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||||||
| 5. | Степен (прв, втор, трет циклус) | Втор циклус студии | |||||||||||
| 6. | Академска година/семестар | I/2 | 7. | Број на ЕКТС кредити | 6.00 | ||||||||
| 8. | Наставник | ||||||||||||
| 9. | Предуслов за запишување на предметот | ||||||||||||
| 10. | Цели на предметната програма (компетенции): Со завршување на овој курс студентот ќе биде оспособен да направи истражување за дефинирана тема од областа на проектен менаџмент, определи методологија со кои ќе ја истражува темата и да определи релевантна литература за изработка на магистерски труд. | ||||||||||||
| 11. | Содржина на програмата: Дефинирање на специфична тема за продлабочено истражување во теоријата и практиката на Проектниот менаџмент. Методологија за научно-истражувачка работа најсоодветна за истражуваната тема. Проучување на релевантна литература за специфичната тема и дефинирање на можностите, интензитетот и динамиката на истражувањето. Дефинирање на очекуваните резултати од истражувањето и нивна примена за развој на областа на проектниот менаџмент. Практична димензија и применливост на резултатите од истражувањето. Верификација со семинар / научно-истражувачки труд на научен или стручен собир или публикација. | ||||||||||||
| 12. | Методи на учење: Менторска работа преку заедничко истражување и анализа на литературата и методите за работа, како и унапредување на релевантните вештини за самостојна изработка на магистерски труд. Подготовка на семинар или стручен/научен труд. | ||||||||||||
| 13. | Вкупен расположив фонд на време | 180 | |||||||||||
| 14. | Распределба на расположивото време | 0+6 | |||||||||||
| 15. | Форми на наставните активности | 15.1 | Предавања – теоретска настава | 0 часови | |||||||||
| 15.2 | Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа | 0 часови | |||||||||||
| 16. | Други форми на активности | 16.1 | Проектни задачи | 0 часови | |||||||||
| 16.2 | Самостојни задачи | 0 часови | |||||||||||
| 16.3 | Домашно учење | 180 часови | |||||||||||
| 17. | Начин на оценување | ||||||||||||
| 17.1 | Тестови | 0 бодови | |||||||||||
| 17.2 | Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) | 0 бодови | |||||||||||
| 17.3. | Активност и учење | 100 бодови | |||||||||||
| 17.4. | Завршен испит | 0 бодови | |||||||||||
| 18. | Критериуми за оценување (бодови/оценка) | до 50 бода | 5 (пет) (F) | ||||||||||
| од 51 до 60 бода | 6 (шест) (E) | ||||||||||||
| од 61 до 70 бода | 7 (седум) (D) | ||||||||||||
| од 71 до 80 бода | 8 (осум) (C) | ||||||||||||
| од 81 до 90 бода | 9 (девет) (B) | ||||||||||||
| од 91 до 100 бода | 10 (десет) (A) | ||||||||||||
| 19. | Услов за потпис и полагање на завршен испит | Образложена пријава за магистерски труд и пишан труд од областа | |||||||||||
| 20. | Начин на полагање на испитот | пишан труд од областа | |||||||||||
| 21. | Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||||||
| 22. | Метод на следење на квалитетот на наставата | Самоевалуација | |||||||||||
 
			
