Компјутерски комуникациски технологии

Објавено: јуни 28, 2022

1. Наслов на наставниот предмет

Компјутерски комуникациски технологии
2. Код NULL
3. Студиска програма NULL
4. Организатор на студиската програма Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен Прв циклус студии
6. Академска година / семестар 7. Број на ЕКТС 6
8. Наставник Д-р Марија Календар,Д-р Данијела Ефнушева
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции). Запознавање со основните медиуми и начини на пренос кај компјутерските мрежи, основи на мрежниот хардвер за пренос на сигнали, основи на мрежниот софтвер и видови на компјутерски мрежи. По завршувањето на курсот студентите ќе бидат оспособени за:
– разбирање на различни типови на компјутерски мрежи (PAN, LAN, MAN, WAN и Интернет) и нивна примена;
– разбирање на мрежниот софтвер, вклучувајќи: слоевитост, протоколи за комуникација, сервиси и интерфејси;
– разбирање на TCP/IP мрежен модел и функцијата на секое од неговите нивоа;
– разбирање на основните мрежни медиуми за пренос: насочени (бакарна парица, коаксијален кабел, оптички кабел) и ненасочени (безжичен пренос);
– разбирање на основните видови на комуникација (фиксна телефонија, мобилна телефонија, кабелска телевизија) и нивна интеграција во Интернет мрежата;
11. Содржина на програмата: Вовед во компјутерски мрежи. Примена на компјутерски мрежи. Мрежен хардвер. PAN, LAN, MAN и WAN мрежи. Мрежен софтвер. Хиерархија на протоколи. Слоевитост. Сервиси. Протоколи. Референтни мрежни модели: ISO/OSI и TCP/IP. Пример на мрежи: Интернет, мобилни мрежи, безжични мрежи, RFID и сензорски мрежи. Стандардизација на мрежи. Метрички единици. Физичко ниво. Теоретски основи за комуникација на податоци. Сигнали ограничени со пропусен опсег. Максимална податочна рата на канал. Запознавање со насочени медиуми за пренос на податоци: магнетен медиум, вплетена парица, коаксиален кабел, оптички кабел. Вовед во безжичен пренос: електромагнетен спектар. Вовед во сателитска комуникација. Вовед во дигитална модулација и мултиплексирање. Јавни телефонски мрежи: структура на телефонски системи. Вовед во мобилен телефонски систем: сите генерации. Вовед во кабелска телевизија. Основи на податочно ниво. Формирање на рамки. Контрола на тек. Контрола на грешка. Кодови за детекција и корекција на грешка. Елементарни протоколи од податочно ниво.

12.Методи на учење Предавања, аудиториски и лабораториски вежби
13. Вкупен расположив фонд на часови

2 + 2 + 1 + 0
14. Распределба на расположивото време 180
15. Форми на наставните активности 15.1. Предавања – теоретска настава 30
15.2. Вежби, семинари, тимска работа 45
16. Други форми на активност 16.1. Проектни задачи 0
16.2. Самостојни задачи 25
16.3. Домашно учење 80
17. Начини на оценување 17.1. Тестови 0
17.2. Семинарска работа/проект 0
17.3. Активност и учење 10
17.4. Завршен испит 90
Критериуми за оценување до 50 бодови 5 (пет) (F)
од 51до 60 бодови 6 (шест) (E)
од 61до 70 бодови 7 (седум) (D)
од 71до 80 бодови 8 (осум) (C)
од 81до 90 бодови 9 (девет) (B)
од 91до 100 бодови 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Лабораториски вежби
20. Начин на полагање на испитот Два парцијални испити во текот на семестарот во времетраење од по 120 минути или еден завршен писмен испит во соодветна испитна сесија во времетраење од 120 минути. Оценување и на лабораториските вежби. Во конечната оцена влегуваат поените од писмениот испит и лабораториските вежби.
За време на испитот не е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки. Исто така, не е дозволено користење калкулатор, мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред.
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Само-евалуација и анкети
23. Литература
23.1. Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Andrew S. Tanenbaum, Nick Feamster, David J. Wetherall Computer Networks 6th ed. Pearson 2021
2 William Stallings Data and computer communications 10th ed Pearson 2013
3 Ендрју С. Таненбаум Компјутерски мрежи превод влада 2010
23.1. Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
23.2. Дополнителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 J. Walrand, P. P. Varaiya High-performance communication networks Morgan Kaufmann 2000