| 1. Наслов на наставниот предмет | Комуникациски вештини | |||||||
| 2. Код | 4ФЕИТ04Л009 | |||||||
| 3. Студиска програма | ЕЕПМ | |||||||
| 4. Организатор на студиската програма | Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
| 5. Степен | Прв циклус студии | |||||||
| 6. Академска година / семестар | III/6 | 7. Број на ЕКТС | 6 | |||||
| 8. Наставник | Д-р Невенка Китева Роглева | |||||||
| 9. Предуслов за запишување на предметот | ||||||||
| 10. Цели на предметната програма (компетенции). Овој курс ќе се фокусира на стратегии за развој на писменa, вербалнa и невербалнa комуникација како и технички комуникациски вештини на студентите. Главната цел на курсот е да ги запознае студентите со основите на деловната комуникација, да ги развие и усоврши нивните вербални комуникациски вештини, така што студентите ќе можат да ги применат во интеракции на интервју за работното место, и на интерперсонално ниво како и во јавната комуникација. |
||||||||
| 11. Содржина на програмата: Ефективни комуникациски вештини во инженерската пракса.Права и одговорности во комуникацијата. Модел и процес на комуникација. Бариери за добра комуникација Комуникација за академски цели. Пребарување, истражување, дефинирање на цели. Веродостојност на информација. Невербалната комуникација и говор на телото Слушање и говорење. Пасивно и активно слушање. Пренесување на информација, емоции, вредности.Парафразирање и аргументирање. Типови на состаноци според целта, составот на учесниците, според начинот на одржување. Дневен ред и подготовка на состаноци. Брифинзи. Формална и неформална комуникација во проектите. Индивидуалната / тимска работа на проектни задачи. Комуникација во тимови. Мотивација и охрабрување на учесниците во тимот. Стратегии за разрешување на проблеми, компромис или win win стратегија. Интерперсонална и техничка комуникација. Презентација на проект и научен труд. Комуникација за ефективно лидерство. Подготовка за интервју и симулација на интервју. Дебатирање. |
||||||||
| 12.Методи на учење Предавања, вежби и практична демонстрација на комуникациските и презентациските вештини од инженерски аспект. | ||||||||
| 13. Вкупен расположив фонд на часови | 3 + 1 + 1 + 0 | |||||||
| 14. Распределба на расположивото време | 180 | |||||||
| 15. Форми на наставните активности | 15.1. Предавања – теоретска настава | 45 | ||||||
| 15.2. Вежби, семинари, тимска работа | 30 | |||||||
| 16. Други форми на активност | 16.1. Проектни задачи | 35 | ||||||
| 16.2. Самостојни задачи | 50 | |||||||
| 16.3. Домашно учење | 20 | |||||||
| 17. Начини на оценување | 17.1. Тестови | 10 | ||||||
| 17.2. Семинарска работа/проект | 40 | |||||||
| 17.3. Активност и учење | 30 | |||||||
| 17.4. Завршен испит | 20 | |||||||
| 18. Критериуми за оценување | до 50 бодови | 5 (пет) (F) | ||||||
| од 51до 60 бодови | 6 (шест) (E) | |||||||
| од 61до 70 бодови | 7 (седум) (D) | |||||||
| од 71до 80 бодови | 8 (осум) (C) | |||||||
| од 81до 90 бодови | 9 (девет) (B) | |||||||
| од 91до 100 бодови | 10 (десет) (A) | |||||||
| 19. Услов за потпис и полагање на завршен испит | Реализирање на активности од 15.1-16.3 | |||||||
| 20. Начин на полагање на испитот | Домашни задачи, пишување на есеј, подготовка на презентација и презентирање, активности за време на часови. Писмен испит на крај од семестар во времетраење од 1 час. | |||||||
| 21. Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||
| 22. Метод на следење на квалитетот на наставата | Анкети и прашалници | |||||||
| 23. Литература | ||||||||
| 23.1. Задолжителна литература | ||||||||
| Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
| 1 | Raymond Greenlaw, Raymond Greenlaw | Technical Writing, Presentational Skills, and Online Communication: Professional Tools and Insights | IGI Global | 2012 | ||||
| 2 | CLIFFORD A. WHITCOMB, LESLIE E. WHITCOMB | Effective Interpersonal and team communication skills for engineers | JohnWiley & Sons, Inc., Hoboken, New Jersey | 2013 | ||||

