Менаџмент на ризик

Објавено: декември 13, 2018

Предмет: Менаџмент на ризик

Код: 3ФЕИТ04010

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Вангел Фуштиќ

Цели на предметната програма (компетенции): Со завршување на овој курс студентот ќе биде оспособен за разбирање, анализа и менаџирање на ризиците во проекти. Со организирано учење на техниките и вештините на идентификација и вреднување на ризиците, студентот ќе има знаење да одлучува дали да го пресретне, избегне или трансферира ризикот во насока на успешно спроведување на проекти. Студентот ќе биде оспособен и да ја индентификува разликата помеѓу ризикот и можноста и ќе може да донесува храбри одлуки во насока на искористување на можностите во проектите и бизнисот.

Содржина на предметната програма: Вовед во менаџмент на ризик. Современи трендови во развој на менаџмент на ризик. Типови и извори на ризикот. Можноста како средство за здобивање конкурентска предност. Фази на менаџмент на ризик. Идентификација на ризикот во проекти во различни гранки на индустријата. Документација каде се третираат ризиците. Квалитативна проценка и анализа на ризиците. Квантитативно вреднување на влијанијата на поедините ризици кон успешно спроведување на проектите. Проект менаџерот, проектниот тим и ризиците. Контролна листа за ризиците, нивно планирање, пресретнување и нивна контрола. Одлука за планирање на одговор на ризикот врз основа на трошокот за пресретнување и/или трансфер. Стратегии за пресретнување на ризикот. Контрола на ризикот и фактори на успех. Методи на менаџмент на ризик. Аспекти на CBA анализа. Случаи за анализа од праксата на реални проекти.

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Т. КендрикИдентификација и менаџирање на проектен ризикАМАКОМ2003

2

Г. КелерПроценка на ризик и донесување одлуки во бизнисот и иднустријатаЦРЦ Прес1999

3

Ј. ШулерРизик и анализа на одлучување во проектиИнститут за проектен менаџмент САД2001

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Стручни лица во менаџмент на ризикЧасописи: Харвард Бизнис Ревија, Мрежа на проектен менаџмент, ИЕЕЕ технички менаџментХарвард Бизнис Ревија, Институт за ПМ- УСА, ИЕЕЕ20016

2

В. ФуштиќУспешни проекти – Случаи за анализаЦентар за проектен менаџмент, ФЕИТ20016