Мерења во електротехника

Последна измена: октомври 25, 2019

1.    Наслов на наставниот предмет

Мерења во електротехника

2.    Код

3ФЕИТ03З005

3.    Студиска програма

ЕАОИЕ, ЕЕС, ЕЕУМ, КСИАР, КХИЕ, ТКИИ

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

II/3, IV/7

7.    Број на ЕКТС

6.00

8.    Наставник

Д-р Владимир Димчев, Д-р Марија Чундева-Блајер

9.    Предуслов за запишување на предметот

Положени: Основи на електротехника

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Стекнување на знаења од мерните методи кои се применуваат во мерењата на електричните величини. Запознавање со принципите на функционирање, примена и користење на мерните инструменти.

11.    Содржина на програмата: Основни поими и дефиниции во мерната техника. Законска метрологија. Статички и динамички карактеристики и блок-структури на мерните уреди. Теорија на мерна неодреденост, мерна неодреденост од тип А и мерна неодреденост од тип Б.  Гаусова и Студентова распределба на повеќекратно повторени мерења. Мерни преобразувачи на електрични во електрични величини, преобразувачи на наизменични во еднонасочни сигнали, мерни засилувачи. Аналогни мерни инструменти, волтметар, амперметар, омметар и ватметар. Општи поими за дигитални мерни инструменти, структурни елементи, мерење временски интервал и фреквенција. Дигитални волтметри. Мерење со осцилоскоп. Мерни мостови за еднонасочна и наизменична струја. Компензатори за еднонасона и наизменична струја. Вовед во електрични мерења на неелектрични величини. Вовед во далечински мерења и мерни системи.

12.    Методи на учење: Предавања, аудиториски и лабораториски вежби, семинарски и проектни задачи, самостојно учење.

13.    Вкупен расположив фонд на часови

3 + 1 + 1 + 0

14.    Распределба на расположивото време

180

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

45

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

30

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

30

16.2. Самостојни задачи

30

16.3. Домашно учење

45

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

20

17.2. Семинарска работа/проект

20

17.3. Активност и учење

10

17.4. Завршен испит

50

18.    Критериуми за оценување

до 59 бодови

5 (пет) (F)

од 60 до 69 бодови

6 (шест) (E)

од 70 до 79 бодови

7 (седум) (D)

од 80 до 89 бодови

8 (осум) (C)

од 90 до 99 бодови

9 (девет) (B)

од 100 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

Редовно посетување на наставата, аудиториските и лабораториските вежби.

20.    Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

21.    Метод на следење на квалитетот на наставата

Интерна евалуација и анкети.

22.    Литература

22.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Ц. ГавровскиОснови на мерна техникаФЕИТ – Скопје2011

2

В. Димчев, М. Чундева Блајер, Ж. Коколански, М. СрбиновскаЗбирка решени задачи по мерења во електротехникаФЕИТ, Скопје2016

3

Група авториПрактикум за лабораториски вежбиФЕИТ, Интерна скрипта2016

22.2. Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

С. ТуманскиПринципи на електрични мерењаТејлор и Френсис2006

2

Р. МалариќИнструментација и мерења во електротехникаБраун и Валкер прес2011