Мерни системи во електроенергетика

Последна измена: јули 11, 2023
1. Наслов на наставниот предмет Мерни системи во електроенергетика
2. Код 4ФЕИТ03007
3. Студиска програма 15-ММК
4. Организатор на студиската програма

(единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус студии
6. Академска година/семестар I/1   7.    Број на ЕКТС кредити 6.00
8. Наставник Д-р Владимир Димчев
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции):

Студентите добиваат познавања за методите и инструментацијата користена за мерење на електричните величини во електроенергетските системи. Кандидатите ќе биде оспособени да користи современа инструментација која се користи во електроенергетиката и да може да ги евалуира и оценува добиените резултати.

11. Содржина на програмата:

Вовед во обработка на мерни сигнали во електричните мрежи. Одбрани математички методи кои се користат кај современите дигитални анализатори за мерење на појавите во електричните мрежи. Мерење на квалитет на електрична енергија, приказ на соодветни стандарди. Дигитални инструменти и мрежни анализатори за мерење на параметрите кои го дефинираат квалитетот на електричната енергија. Методи за мерење на моќности, електрична енергија и фактор на моќност. Обработка на соодветните дигитални инструменти, грешки, резолуција, хардверска структура. Приказ на соодветните микропроцесори кои се користат кај овие инструменти. Пренос на мерни податоци до централните компјутерски системи, жичен и безжичен пренос. Примери на мерни системи во електроенергетиката. Методи за мерења на отпорот на заземјување и останатите параметрите на заземјувачките системи. Автономни микропроцесорски мерни уреди за мерење отпор на заземјување и специфична отпорност на тлото. Мерење на отпор на заземјување со автономен мерен уред и една или две струјни клешти. Мерни уреди за мерење на отпорот на заземјување на далноводни столбови.

12. Методи на учење:

Комбиниран начин на учење, предавања, семинарски и проектни задачи, домашно учење.

13. Вкупен расположив фонд на време 180
14. Распределба на расположивото време 3 + 3
15. Форми на наставните активности 15.1 Предавања – теоретска настава 45 часови
15.2 Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 45 часови
16. Други форми на активности 16.1 Проектни задачи 30 часови
16.2 Самостојни задачи 30 часови
16.3 Домашно учење 30 часови
17. Начин на оценување
17.1 Тестови 10 бодови
17.2 Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) 40 бодови
17.3. Активност и учење 0 бодови
17.4. Завршен испит 50 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/оценка) до 50 бода 5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода 6 (шест) E
од 61 до 70 бода 7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода 8 (осум) C
од 81 до 90 бода 9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Нема.
20. Начин на полагање на испитот Семинарски труд, усмен испит.
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Самоевалуација
23. Литература
23.1.       Задолжителна литература
Ред.

Број

Автор Наслов Издавач Година
1. M.H.J. Bollen, I. Gu Signal Processing of Power Quality Disturbances Willey-IEEE Press 7
2. IEEE/ANSI IEEE Std.80-2000 IEEE 13
3. J. Schlabbach et all Voltage Quality in Electrical Power Systems IEE London 0