1. Наслов на наставниот предмет | Микроелектроника и микросистеми | |||||||
2. Код | 4ФЕИТ05Л024 | |||||||
3. Студиска програма | КХИЕ | |||||||
4. Организатор на студиската програма | Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен | Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година / семестар | III/6 | 7. Број на ЕКТС | 6 | |||||
8. Наставник | Д-р Катерина Ралева, Д-р Јосиф Ќосев | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот | Положен: Електроника 1 | |||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции). по завршувањето на курсот, студентот ќе располага со продлабочени инженерски знаења од микроелектрониката: – ги разбира технолошките процеси поврзани со микроелектронските елементи и склопови -ги знае технолошките чекори и постапки за дизајнирање на основните елементи во биполарна и MOS технологија – ги знае чекорите и постапките на CMOS процесната технологија -ги разбира ламбда правилата за дизајнирање CMOS интегрирани кола -знае да нацрта дијаграм на стапчиња за едноставни и комплексни логички порти -ги разбира технологиите за изработка на MEMS елементи – владее со основни CAD алати во микроелектрониката и -може да дизајнира едноставни микроструктури. |
||||||||
11. Содржина на програмата: Вовед – развој на микроелектрониката (ITRS) и идни правци. Фабрикација на интегрирани кола – Основни постапки и процеси во планарната технологија на силициум (монокристал, фотолитографија, дифузија, епитаксија, оксидација, јонска имплантација, напарувања – метализација, пакување). Систем на чип технологија. 3D-интеграција на чипови; Елементи на интегрираните кола – слојна отпорност, Ирвинови криви, pn-спој, Лоренс-Ворнерови криви. Биполарна технологија. MOS и CMOS фабрикација. Правила за топологија на CMOS интегрираните кола – Ламбда правила. Дијаграм на стапчиња (Stick diagram). Дизајн на топологија на едноставни CMOS логички кола со CAD алатка за топологија на интегрирани кола. MEMS сензори и микросистеми, интеграција на процесите, специфични MEMS структури и примери. Симулација на MEMS сензори. | ||||||||
12.Методи на учење Предавања, аудиториски вежби, лабораториски вежби, домашни задачи, семинарски задачи/проекти | ||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови | 3 + 1 + 1 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време | 180 | |||||||
15. Форми на наставните активности | 15.1. Предавања – теоретска настава | 45 | ||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа | 30 | |||||||
16. Други форми на активност | 16.1. Проектни задачи | 15 | ||||||
16.2. Самостојни задачи | 15 | |||||||
16.3. Домашно учење | 75 | |||||||
17. Начини на оценување | 17.1. Тестови | 10 | ||||||
17.2. Семинарска работа/проект | 10 | |||||||
17.3. Активност и учење | 20 | |||||||
17.4. Завршен испит | 60 | |||||||
18. Критериуми за оценување | до 50 бодови | 5 (пет) (F) | ||||||
од 51до 60 бодови | 6 (шест) (E) | |||||||
од 61до 70 бодови | 7 (седум) (D) | |||||||
од 71до 80 бодови | 8 (осум) (C) | |||||||
од 81до 90 бодови | 9 (девет) (B) | |||||||
од 91до 100 бодови | 10 (десет) (A) | |||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит | Следење на предавањата и аудиториските вежби и успешно изведени лабораториски вежби. | |||||||
20. Начин на полагање на испитот | Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 120 минути) и тест од лабораториски вежби (по завршување на вежбите). Во конечната оценка влегуваат поените од парцијалните испити, поените од домашните задачи и поените од лабораториските вежби. Во предвидените испитни сесии се полага писмен испит (времетраење 180 минути). Во конечната оценка влегуваат поените од писмениот испит, поените од домашните задачи и поените од лабораториските вежби. За време на испитот е дозволено користење калкулатор, но, не е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, како и мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред. |
|||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата | Интерна евалуација и анкети | |||||||
23. Литература | ||||||||
23.1. Задолжителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | Томислав Џеков | Микроелектроника | УКИМ | 1986 | ||||
2 | Ј.Ќосев | Збирка решени примери од микроелектроника | УКИМ | 1989 | ||||
3 | Stephen D. Senturia | Microsystem design | Kluwer academic | 2001 | ||||
23.2. Дополнителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | Richard C. Jaeger | Introduction to microelectronic fabrication, 2nd еd | Prentice Hall | 2001 |