Микроконтролери

Објавено: октомври 12, 2018

1.    Наслов на наставниот предмет

Микроконтролери

2.    Код

3ФЕИТ05Л025

3.    Студиска програма

КХИЕ

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

III/6

7.    Број на ЕКТС

6.00

8.    Наставник

Д-р Љупчо Караџинов

9.    Предуслов за запишување на предметот

 

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Запознавање со внатрешната архитектура на 8-битните микроконтролери, нивниот инструкциски сет, користењето на интерапти, како и вградените периферни уреди. Стекнати знаења и способност за проектирање на вградливи микрокомпјутерски системи со 8-битни микроконтролери.

11.    Содржина на програмата: Вовед, примена на микроконтролерите, фамилии микроконтролери, критериуми за селекција. Внатрешна архитектура на микроконтролерите: ALU, Harvard и von-Neumann архитектури,  мемориски адресен простор, формат на инструкции, различни микроконтролерски архитектури. Архитектура на фамилијата PICmicro: основно јадро, програмска меморија, податочна меморија, I/O регистри, хардверски регистри, регистри со специјална намена, програмски бројач и стек. Видови адресирање, извршување на инструкциите, инструкциски циклус, проточна обработка. Програмски јазик асемблер. Сет на инструкции на mid-range PICmicro: инструкции за запишување и преместување податоци, за условна промена на текот на програмата, контролни инструкции. Видови интерапти и нивна примена. Хардверски карактеристики: I/O порти, надворешен и внатрешен осцилатор, видови ресет и кола за ресетирање, конфигурационен збор. Вградени периферни уреди: бројачи и тајмери, запишување и исчитување од EEPROM и програмската меморија, A/D конвертор, коло за референтен напон, CCP модули, аналогни компаратори, модули за сериска комуникација. Програмирање на микроконтролери со програмскиот јазик C.

12.    Методи на учење: Следење предавања, поканети гости предавачи, аудиториски и лабораториски вежби, проектни задачи, самостојно учење.

13.    Вкупен расположив фонд на часови

3 + 1 + 2 + 0

14.    Распределба на расположивото време

180

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

45

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

45

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

0

16.2. Самостојни задачи

30

16.3. Домашно учење

60

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

40

17.2. Семинарска работа/проект

10

17.3. Активност и учење

10

17.4. Завршен испит

40

18.    Критериуми за оценување

до 50 бодови

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бодови

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бодови

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

Изведени и колоквирани лабораториски вежби

20.    Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

21.    Метод на следење на квалитетот на наставата

анонимни анкети на студентите, самоевалуација, екстерна евалуација

22.    Литература

22.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Myke Predko

Programing and Customizing PICmicro Microcontrollers

McGraw Hill

2008

2

Tim Wilmshurst

Designing Embedded Systems with PIC Microcontrollers, Principles and applications, 2nd edition

Elsevier

2007

3

Sid Katzen

The Quintessential PIC Microcontroller, 2nd edition

Springer

2005

22.2. Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Matic Nebojsa

PIC Mikrokontroleri

MikroElektronika

2008

2

J. Sanchez, M. P. Canton

Microcontroller Programing: The Microchip PIC

CRC Press

2007

3

Microchip

Mid-Range Ref. Manual  (33023a.pdf)

Microchip

2010