1. Наслов на наставниот предмет | Моделирање бази на податоци | |||||||
2. Код | 4ФЕИТ07Л009 | |||||||
3. Студиска програма | КТИ,КХИЕ,КСИАР,ТКИИ | |||||||
4. Организатор на студиската програма | Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен | Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година / семестар | III/6, IV/8, II/4 | 7. Број на ЕКТС | 6 | |||||
8. Наставник | Д-р Горан Јакимовски | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот | Положен: Податочни структури и програмирање | |||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции). Моделирање со помош на EA и EEA дијаграми. Пишување на прашалници со помош на SQL и релациона алгебра. По завршување студентот ќе може да проектира сопствени бази на податоци, да ги одржува и да пишува SQL прашалн – ќе знае да моделира база на податоци од почеток, дефинирање на сите ограничувања и нормализации – ќе знае да ги преведе барањата на клиентот во модел од базите на податоци – ќе знае да го мапира моделот во база на податоци во mysql – ќе знае да работи со релациони бази на податоци и да пишува прашалници – ќе може да дефинира тригери и индекси |
||||||||
11. Содржина на програмата: ВОВЕД во податочни структури. Физичка организација на меморија. Концепт на податок. Различни податочни структури. Дефинирање на блокови. PILE, Хеширање, B, B+, B* огранизација на меморија. Организација на диск. Сместување на податоци и пристап до дискови. Оптимизација на пристапувањето. Модели на реален свет. Класен дијаграм. Вовед во Ентитет-Асоцијација дијаграм. Проширен ЕА дијаграм. Моделирање. Мапирање на ПЕА дијаграм во Релациони бази на податоци. Креирање на табели со SQL синтакса. Разлики помеѓу SQL бази на податоци и релациони бази на податоци. Поставување на прашања. Релациона алгебра. Релациони пресметки. Напредни оператори и резултати од прашањата во релациона алгебра. Вовед во SQL прашања. SQL синтакса. Резултат од прашањата. Мулти-множества. Агрегатни функции. Дефинирање на функционална зависност на податоците. Разрешување на функционална зависност. Нормализација на податоци. Нормални форми. Дефинирање на настани. Тригери (окинувачи) |
||||||||
12.Методи на учење Предавања, аудиториски и лабораториски вежби | ||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови | 2 + 2 + 1 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време | 180 | |||||||
15. Форми на наставните активности | 15.1. Предавања – теоретска настава | 30 | ||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа | 45 | |||||||
16. Други форми на активност | 16.1. Проектни задачи | 25 | ||||||
16.2. Самостојни задачи | 20 | |||||||
16.3. Домашно учење | 60 | |||||||
17. Начини на оценување | 17.1. Тестови | 0 | ||||||
17.2. Семинарска работа/проект | 0 | |||||||
17.3. Активност и учење | 0 | |||||||
17.4. Завршен испит | 100 | |||||||
18. Критериуми за оценување | до 50 бодови | 5 (пет) (F) | ||||||
од 51до 60 бодови | 6 (шест) (E) | |||||||
од 61до 70 бодови | 7 (седум) (D) | |||||||
од 71до 80 бодови | 8 (осум) (C) | |||||||
од 81до 90 бодови | 9 (девет) (B) | |||||||
од 91до 100 бодови | 10 (десет) (A) | |||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит | Лабораториски вежби | |||||||
20. Начин на полагање на испитот | Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, со времетраење од 120 минути, со дополнителни 30 минути), кои се состојат од теоретски дел и практичен дел. Студентите имаат опција да го полагаат предметот и на испит, доколку не сакаат преку парцијалните испити. Студентите мора да ги полагаат и практичниот и теоретскиот дел, притоа тие се полагаат истовремено. Теоретскиот дел се состои од кратки прашања поврзани со материјалот, додека пак практичниот дел е каде студентите добиваат барања за моделирање, дизајн и изработка на база на податоци, проследена со пишување на SQL прашања. Теоретскиот дел носи 30% од поените, додека пак практичниот 70% од поените за оценката. |
|||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата | Интерна евелуација и анкета | |||||||
23. Литература | ||||||||
23.1. Задолжителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | Рамез Елмасри, Шамкант Б. Навати | Основи на системи со бази на податоци | Превод на влада | 2015 | ||||
2 | C.J. Date | An introduction to database systems | Pearson | 2015 | ||||
3 | Х. Гарсија Молина, Џ. Д. Улман, Џ. Видом | Системи за бази на податоци | Превод влада | 2008 |