Мрежно поврзување на обновливи извори на енергија

Објавено: октомври 12, 2018

1.    Наслов на наставниот предмет

Мрежно поврзување на обновливи извори на енергија

2.    Код

3ФЕИТ02Л015

3.    Студиска програма

ЕАОИЕ

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

III/6

7.    Број на ЕКТС

6.00

8.    Наставник

Д-р Гога Цветковски

9.    Предуслов за запишување на предметот

Положени: Основи на електрични кола

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Основна цел на предметот е студентот да се запознае со проблематиката и опремата која се користи при мрежно поврзување на различните видови ОИЕ и влијанието кое тие го имаат врз  мрежата од аспект на квалитетот на електричната енергија, доверливоста и одржливоста на системот.

11.    Содржина на програмата: Вовед во предметот и проблематиката. Начини на преобразување на енергијата од конвенционални извори во електрична енергија. Начини на преобразување на енергијата од обновливи извори во електрична енергија. Краток осврт на електроенергетските уреди кои се користат за конверзија на разните видови на енергија во електрична. Синхрони генератори со еднонасочна возбуда. Синхрони генератори со перманентни магнети. Асинхрони генератори со кафезен и намотан ротор. Дискови генератори. Линеарни генератори. Трансформатори. Осврт кон разните видови на енергетски преобразувачи кои се применуваат во конверзијата на енергијата од обновливите извори во електрична. Системи и опрема која се користи за поврзување на фотоволтаичните панели со мрежата. Системи и опрема која се користи за поврзување на ветрогенераторсктие системи со мрежата со асинхрони генератори и со синхрони генератори. Проблеми кои ги создаваат со својата работа енергетските преобразувачи врз мрежата.

12.    Методи на учење: Интерактивни предавања, аудиториски и лабораториски вежби.

13.    Вкупен расположив фонд на часови

3 + 1 + 1 + 0

14.    Распределба на расположивото време

180

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

45

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

30

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

35

16.2. Самостојни задачи

0

16.3. Домашно учење

70

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

0

17.2. Семинарска работа/проект

25

17.3. Активност и учење

5

17.4. Завршен испит

70

18.    Критериуми за оценување

до 50 бодови

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бодови

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бодови

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

Реализирани активности 15.1 и 15.2

20.    Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

21.    Метод на следење на квалитетот на наставата

Интерна евалуација и анкети.

22.    Литература

22.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Гога Цветковски

Мрежно интегрирање на ОИЕ-умножени предавања

 

2016

22.2. Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Leon Freris, David Infield

Renewable Energy in Power Systems

John Wiley & Sons

2008