Напредни апликации за мобилни уреди

Последна измена: јули 27, 2023
1. Наслов на наставниот предмет Напредни апликации за мобилни уреди
2. Код 4ФЕИТ10015
3. Студиска програма 8-КМ-ИНН,11-ИБС, 12-КИТ, 20-ИМСА
4. Организатор на студиската програма

(единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус студии
6. Академска година/семестар I/1 7.   Број на ЕКТС кредити 6.00
8. Наставник Д-р Владимир Атанасовски, Д-р Перо Латкоски
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции):

Развој на сложени апликации за сложени ИКТ системи. Комплетно разбирање на развојниот циклус на една современа ИКТ апликација.

11. Содржина на програмата:

Поим за корисничко искуство и кориснички интерфејс (UX/UI). Околини за развој на напредни UX/UI решенија. Дизајн на напреден UI. Работа со ресурсно лимитирани уреди. Скалабилност. Предности и недостатоци на специфични и платформски независни развојни системи. Управување со мултимедија. Поврзување со бази на податоци. Вмрежување и справување со мрежни испади. Интеграција на податочни извори во интегрирана апликација (на пр. сензорски податоци). Human Computer Interface (HCI). Ергономија на интерфејси. Користливост. Тестирање на апликации.

12. Методи на учење:

Предавања, самостојна работа на проектни задачи и изработка на семинарски работи, посета на релевантни ИКТ компании, поканети предавања на експерти од индустрија

13. Вкупен расположив фонд на време 180
14. Распределба на расположивото време 3 + 3
15. Форми на наставните активности 15.1 Предавања – теоретска настава 45 часови
15.2 Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 45 часови
16. Други форми на активности 16.1 Проектни задачи 30 часови
16.2 Самостојни задачи 30 часови
16.3 Домашно учење 30 часови
17. Начин на оценување
17.1 Тестови 30 бодови
17.2 Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) 50 бодови
17.3. Активност и учење 20 бодови
17.4. Завршен испит 0 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/оценка) до 50 бода 5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода 6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода 7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода 8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода 9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит нема
20. Начин на полагање на испитот преку семинарска работа/проект и тест
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Самоевалуација
23. Литература
23.1.      Задолжителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1. Benjamin Bahr Prototyping of User Interfaces for Mobile Applications Springer 2017
2. Jaime Levy UX Strategy: How to Devise Innovative Digital Products that People Want O’Reilly Media 2015
3. Adrian Mendoza Mobile User Experience: Patterns to Make Sense of it All Morgan Kaufmann 2015