1. | Наслов на наставниот предмет | Напредни концепти на виртуелизација и DevOps | |||||||||||
2. | Код | 4ФЕИТ07008 | |||||||||||
3. | Студиска програма | 7-НКС, 8-КМ-ИНН, 21-ПНМИ | |||||||||||
4. | Организатор на студиската програма
(единица, односно институт, катедра, оддел) |
Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||||||
5. | Степен (прв, втор, трет циклус) | Втор циклус студии | |||||||||||
6. | Академска година/семестар | I/1 | 7. | Број на ЕКТС кредити | 6.00 | ||||||||
8. | Наставник | Д-р Даниел Денковски | |||||||||||
9. | Предуслов за запишување на предметот | ||||||||||||
10. | Цели на предметната програма (компетенции):
Познавање на основните концепти и практики во виртуелизација базирана на хипервизори и контејнери, континуирана интеграција и континуирана испорака на современи софтверски решенија. Способност за работа, поставување и управување со виртуелизирани и контејнеризирани околини на серверски системи и системи во облак. |
||||||||||||
11. | Содржина на програмата:
Основни концепти на виртуелизација. Класични техники за виртуелизација со користење на хипервизори. Управување со ресурси и уреди во виртуелни машини. Модерни техники за виртуелизација во корисничкиот простор (OS-level) со користење на контејнери. Предности и недостатоци на виртуелизацијата со помош на контејнери. Концепти на виртуелизација на мрежни функционалности. Главни концепти и практики во методологијата DevOps. Концепт на континуирана интеграција и континуирана испорака. Принципи на континуиран развој на софтвер, интеграција и распоредување. Вовед во технологии и алатки (Git, Docker, Jenkins, Ansible, Kubernetes). Репозиториуми, артефакти. Запознавање на концептот со MLOps. Управување со животниот циклус на моделите на машинско учење низ сите фази: развој, операционализација, распоредување, мониторирање, одржување и управување. Основни практики на користење на инфраструктури во облак како Azure, GCP, AWS. |
||||||||||||
12. | Методи на учење:
Предавања, самостојна работа на проектни задачи и изработка на семинарски работи |
||||||||||||
13. | Вкупен расположив фонд на време | 180 | |||||||||||
14. | Распределба на расположивото време | 3 + 3 | |||||||||||
15. | Форми на наставните активности | 15.1 | Предавања – теоретска настава | 45 часови | |||||||||
15.2 | Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа | 45 часови | |||||||||||
16. | Други форми на активности | 16.1 | Проектни задачи | 30 часови | |||||||||
16.2 | Самостојни задачи | 30 часови | |||||||||||
16.3 | Домашно учење | 30 часови | |||||||||||
17. | Начин на оценување | ||||||||||||
17.1 | Тестови | 0 бодови | |||||||||||
17.2 | Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) | 50 бодови | |||||||||||
17.3. | Активност и учење | 0 бодови | |||||||||||
17.4. | Завршен испит | 50 бодови | |||||||||||
18. | Критериуми за оценување (бодови/оценка) | до 50 бода | 5 (пет) (F) | ||||||||||
од 51 до 60 бода | 6 (шест) (E) | ||||||||||||
од 61 до 70 бода | 7 (седум) (D) | ||||||||||||
од 71 до 80 бода | 8 (осум) (C) | ||||||||||||
од 81 до 90 бода | 9 (девет) (B) | ||||||||||||
од 91 до 100 бода | 10 (десет) (A) | ||||||||||||
19. | Услов за потпис и полагање на завршен испит |
Редовно присуство на предавањата |
|||||||||||
20. | Начин на полагање на испитот |
Секој студент мора да изработи задолжителна проектна задача. Завршен испит со времетраење од 90 минути. Во конечната оценка влегуваат поените од проектната задача и завршниот испит. |
|||||||||||
21. | Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||||||
22. | Метод на следење на квалитетот на наставата | Самоевалуација | |||||||||||
23. | Литература | ||||||||||||
23.1. | Задолжителна литература | ||||||||||||
Ред.
број |
Автор | Наслов | Издавач | Година | |||||||||
1. | N. G. Nguyen, D.-N. Le, J. M. Chatterjee and R. Kumar | Cloud Computing and Virtualization | Wiley | 2018 | |||||||||
2. | S. M. Jain | Linux Containers and Virtualization: A Kernel Perspective | Apress | 2020 | |||||||||
23.2. | Дополнителна литература | ||||||||||||
Ред.
број |
Автор | Наслов | Издавач | Година | |||||||||
1. | M. Treveil, N. Omont, C. Stenac, K. Lefevre, D. Phan, J. Zentici, A. Lavoillotte, M. Miyazaki and L. Heidmann | Introducing MLOps: How to Scale Machine Learning in the Enterprise | O’Reilly Media | 2020 | |||||||||
2. | H. Saito, H.-C. C. Lee and K.-J. C. Hsu | Kubernetes Cookbook: Practical Solutions to Container Orchestration | Packt Publishing | 2018 | |||||||||
3. | Matthew Portnoy | Virtualization Essentials, 2nd Edition | Wiley | 2016 |