| 1. | Наслов на наставниот предмет | Напредни ПЛУ интегрирани системи и индустриски Интернет на нештата | |||||||||||
| 2. | Код | 4ФЕИТ01008 | |||||||||||
| 3. | Студиска програма | 2-ЕМА, 6-АРСИ, 9-ВМС | |||||||||||
| 4. | Организатор на студиската програма
(единица, односно институт, катедра, оддел) |
Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||||||
| 5. | Степен (прв, втор, трет циклус) | Втор циклус студии | |||||||||||
| 6. | Академска година/семестар | I/1 | 7. | Број на ЕКТС кредити | 6.00 | ||||||||
| 8. | Наставник | Д-р Горјан Наџински | |||||||||||
| 9. | Предуслов за запишување на предметот | ||||||||||||
| 10. | Цели на предметната програма (компетенции):
Цел на оваа дисциплина е да ги запознае студентите со хиерархиските системи со програмабилни управувачи, нивниот принцип на работа и начин на користење. Со успешно завршување на предметот студентите ќе бидат оспособени за работа со вмрежени ПЛУ системи, како и за имплементирање на современи методи на управување, надгледување, оптимизација и безбедност (карактеристични за Индустрискиот Интернет на нештата) при работата со реални индустриски системи. Исто така ќе бидат оспособени за проектирање на системи на управување со ПЛУ, пресметка на потребните хардверски и софтверски капацитети на управувачките уреди и сл. |
||||||||||||
| 11. | Содржина на програмата:
Програмабилни логички управувачи како дел од дистрибуираните и хиерархиските управувачки системи. Протоколи за комуникација помеѓу ПЛУ-а од различни производители, стандарди за интероперабилност. Методи за пристап и менување на меморијата на ПЛУ за време на работа. Програми за интерграција на системи кои се управувани од ПЛУ. Текстуални програмски јазици за ПЛУ. Основни концепти на Интернет на нештата и Industry 4.0. Кибер-физички системи во индустријата, нивно моделирање, идентификација и евалуација. Комуникација и вмрежување во индустриски услови: индустриски комуникациски протоколи и стандарди, криптографска безбедност на индустриската комуникација. Улогата на вештачката интелигенција во индустријата: концепт на паметни фабрики (smart factories), алгоритми на машинско учење за управување и оптимизација на индустриски процеси. BigData: работа со големи количини на податоци, аквизиција, манипулација, и анализа на податоците. |
||||||||||||
| 12. | Методи на учење:
Предавања поддржани со презентации преку слајдови, интерактивни предавања, вежби (користење на опрема и софтверски пакети), тимска работа, студија на случај, поканети гости предавачи, самостојна изработка и одбрана на проектна задача и семинарска работа, учење во електронско опкружување (форуми, консултации). |
||||||||||||
| 13. | Вкупен расположив фонд на време | 180 | |||||||||||
| 14. | Распределба на расположивото време | 3 + 3 | |||||||||||
| 15. | Форми на наставните активности | 15.1 | Предавања – теоретска настава | 45 часови | |||||||||
| 15.2 | Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа | 45 часови | |||||||||||
| 16. | Други форми на активности | 16.1 | Проектни задачи | 30 часови | |||||||||
| 16.2 | Самостојни задачи | 30 часови | |||||||||||
| 16.3 | Домашно учење | 30 часови | |||||||||||
| 17. | Начин на оценување | ||||||||||||
| 17.1 | Тестови | 0 бодови | |||||||||||
| 17.2 | Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) | 50 бодови | |||||||||||
| 17.3. | Активност и учење | 0 бодови | |||||||||||
| 17.4. | Завршен испит | 50 бодови | |||||||||||
| 18. | Критериуми за оценување (бодови/оценка) | до 50 бода | 5 (пет) (F) | ||||||||||
| од 51 до 60 бода | 6 (шест) (E) | ||||||||||||
| од 61 до 70 бода | 7 (седум) (D) | ||||||||||||
| од 71 до 80 бода | 8 (осум) (C) | ||||||||||||
| од 81 до 90 бода | 9 (девет) (B) | ||||||||||||
| од 91 до 100 бода | 10 (десет) (A) | ||||||||||||
| 19. | Услов за потпис и полагање на завршен испит | Успешно изработена проектна задача. | |||||||||||
| 20. | Начин на полагање на испитот |
Предвидена е проектна задача, која студентите треба да ја реализираат и презентираат во текот на семестарот. Во предвидените испитни сесии се полага завршен писмен испит и/или завршен усен испит. За студентите кои го положиле писмениот испит, и кои претходно, за време на семестарот ја реализирале и презентирале проектмата задача, се смета дека го положиле предметот. Во конечната оценка влегуваат поените од завршниот испит и поените добиени од проектната задача. |
|||||||||||
| 21. | Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||||||
| 22. | Метод на следење на квалитетот на наставата | Самоевалуација | |||||||||||
| 23. | Литература | ||||||||||||
| 23.1. | Задолжителна литература | ||||||||||||
| Ред.
број |
Автор | Наслов | Издавач | Година | |||||||||
| 1. | L. A. Bryan, E. A. Bryan | Programmable Controllers: Theory and Implementation | Industrial Text Company | 1997 | |||||||||
| 2. | Manesis, Nikolakopoulos | Introduction to Industrial Automation | CRC Press | 2018 | |||||||||
| 3. | S. Jeschke, et. al. | Industrial Internet of Things | Springer | 2017 | |||||||||
| 23.2. | Дополнителна литература | ||||||||||||
| Ред.
број |
Автор | Наслов | Издавач | Година | |||||||||
| 1. | T. Devezas, J. Leitao, A. Sarygulov | Industry 4.0 | Springer | 2017 | |||||||||

