Оперативни системи

Објавено: октомври 23, 2019

1.    Наслов на наставниот предмет

Оперативни системи

2.    Код

3ФЕИТ07З022

3.    Студиска програма

КТИ, КХИЕ

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

III/5

7.    Број на ЕКТС

6.00

8.    Наставник

Д-р Марија Календар

9.    Предуслов за запишување на предметот

Положени: Податочни структури и програмирање, Програмирање и алгоритми

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Запознавање со концептите на работа на  оперативните системи, концептите на процеси, синхронизација на процеси, управување со меморијата, драјвери за I/O уреди. По завршување студентите ќе бидат оспособени за работа со оперативните системи и основно познавање на драјвери.

11.    Содржина на програмата: Организација на компјутерски системи. ОС концепти. Развој на оперативните системи. Елементи на ОС. Архитектура на ОС. Јадра на ОС. Микројадрена архитектура. Виртуелизација и видови виртуелни машини.  Вовед во процеси. Процеси во ОС. Креирање и управување со процеси. Нитки. Управување со нитки. Распоредување на процеси кај едно-јадрени и повеќе-јадрени системи. Меѓупроцесна комуникација и синхронизација на процеси. Семафори. Мутекси. Монитори. Датотечни системи во ОС. Управување со меморијата. Виртуелна меморија. Влезно-излезни уреди. Модули и драјвери.

12.    Методи на учење: Предавања, аудиториски и лабораториски вежби

13.    Вкупен расположив фонд на часови

2 + 2 + 1 + 0

14.    Распределба на расположивото време

180

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

30

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

45

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

25

16.2. Самостојни задачи

20

16.3. Домашно учење

60

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

10

17.2. Семинарска работа/проект

10

17.3. Активност и учење

0

17.4. Завршен испит

80

18.    Критериуми за оценување

до 50 бодови

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бодови

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бодови

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

Лабораториски вежби

20.    Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

21.    Метод на следење на квалитетот на наставата

Интерна евалуација и анкети

22.    Литература

22.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Ендрју С. Таненбаум

Модерни оперативни системи, 3 издание

превод влада

2014

2

Andrew S. Tanenbaum, Albert WoodHull

Operating systems design and implementation, 3 Ed.

Pearson

2006

3

Silberschatz A., Galvin P.B., Gagne  G.

Operating systems concepts. 9th Ed.

Wiley

2012