Оперативно водење на ЕЕО

Објавено: декември 12, 2018

Предмет: Оперативно водење на ЕЕО

Код: 3ФЕИТ04013

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови3+0+0+3

Наставник: Доц. д-р Невенка Китева Роглева

Цели на предметната програма (компетенции): Стекнување стручни знаења за системи за управување на електроенергетските објектите, нивната динамика и проектирање на функциите на управување и мониторинг и  заштита. Изучување на модерните системи за заштина на ЕЕО во однос на сигурноста и безбедноста и анализа на оперативните проблеми кои влијаат на безбедноста на луѓето. Студентите ќе стекнат знаење за справување со инженерски задачи, земајќи ги предвид важните технички, економски, еколошки, безбедносни и социјални ограничувања.

Содржина на предметната програма: Современи системи за дигитално управување и аквизиција на податоци. Компоненти на SCADA систем. Избор на модел на управување. Закони на управување на ЕЕО.  Функции на следење, управување и функции на блокада. Модерни системи за мерење и заштита во централи и постројки. Локација на грешки. Испади. Анализа на оперативните проблеми кои влијаат на безбедноста на луѓето. Намалување на трошоци. Менаџмент на животна средина. Интегрирање на енергетски политики и регулативи при работа на компаниите. Инкорпорирање на енергетските таргети во бизнис стратегијата на компаниите.  Регулација на напон и реактивна моќност. Регулација на фреквенција

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Katsuhiko OgataModern Control Engineering Fifth EditionPrentice Hall,New Jersey 

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Fabio SaccomannoELECTRIC POWER SYSTEMS Analysis and ControlJOHN WILEY & SONS PUBLICATION