Оптички феномени

Последна измена: јули 18, 2023
1. Наслов на наставниот предмет Оптички феномени
2. Код 4ФЕИТ08017
3. Студиска програма 19-МВ
4. Организатор на студиската програма

(единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус студии
6. Академска година/семестар I/1 7.   Број на ЕКТС кредити 6.00
8. Наставник Д-р Лихнида Стојановска-Георгиевска
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции):

Запознавање со основите на оптичкото формирање на слика и примена на различни оптички елементи како леќи, монохроматски филтри, поларизатори и сл. во мултимедиските технологии. Запознавање со поимот визуелна перцепција и тродимензионалното гледање, како и основите на формирање на тродимензионална слика. Стекнување на способност за дизајнирање на осветлување за медиски потреби и примена на светлински ефекти.

11. Содржина на програмата:

Светлината како дел од ЕМ спектар. Елементи од геометриска оптика: простирање на светлината, прекршување, формирање на лик, дисперзија. Оптички елементи: призми, филтри, леќи. Аберација кај леќите. Оптички уреди: микроскоп, фотоапарат, камера. Дизајн на модерни оптички системи. Толеранција и методи на оптимизација на оптичките системи. Елементи на визуелна перцепција, човековото око како оптички уред: формирање на слика, движење на слика, стереоскопско 3Д гледање. Концепт на боја, гледање во боја, формирање на бои, колориметрија. Примена на ефекти од физичка оптика (дифракција, интерференција и поларизација) во мултимедиски перформанси. Поларизациони филтри. Атмосферска оптика. Светлински извори, ЛЕД, ласери. Холографија и холографска слика. Фотометрија: осветленост, дизајн на осветлување и светлински ефекти.

12. Методи на учење:

предавања, електронско учење, тимска работа, семинарски работи, презентации

13. Вкупен расположив фонд на време 180
14. Распределба на расположивото време 3 + 3
15. Форми на наставните активности 15.1 Предавања – теоретска настава 45 часови
15.2 Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 45 часови
16. Други форми на активности 16.1 Проектни задачи 30 часови
16.2 Самостојни задачи 30 часови
16.3 Домашно учење 30 часови
17. Начин на оценување
17.1 Тестови 30 бодови
17.2 Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) 50 бодови
17.3. Активност и учење 20 бодови
17.4. Завршен испит  бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/оценка) до 50 бода 5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода 6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода 7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода 8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода 9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит 60% успех од сите предиспитни активности
20. Начин на полагање на испитот Изработка и презентирање на проектна задача
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Самоевалуација
23. Литература
23.1.      Задолжителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1. Robert D. Guenther Modern Optics Simplified Oxford University Press 2019
2. Jens Bliedtner, Gunter Grafe, Rupert Hector Optical Technology McGraw Hill Professional 2011
23.2.      Дополнителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1.  R. J. Koshel  Illumination Engineering: Design with Nonimaging Optics  Wiley  2013