Основи на вештачка интелигенција

Објавено: октомври 12, 2018

1.    Наслов на наставниот предмет

Основи на вештачка интелигенција

2.    Код

3ФЕИТ01З014

3.    Студиска програма

КСИАР

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

III/5

7.    Број на ЕКТС

6.00

8.    Наставник

Д-р Елизабета Лазаревска

9.    Предуслов за запишување на предметот

 

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Запознавање со основите на вештачката интелигенција; оспособување за самостојно решавање на практични инженерски задачи и проблеми од вештачката интелигенција.

11.    Содржина на програмата: 1. Вовед во вештачката интелигенција (ВИ). 2. Интелигентни агенти и нивната околина. 3. Решавање проблеми во ВИ: формулирање проблем во ВИ, мерка за успешност на решението на еден проблем во ВИ, поим за слепо и евристичко, неоптимално и оптимално пребарување, различни постапки за слепо пребарување, постапки за евристичко пребарување, проблеми со ограничувања – дефиниција, постапка, примери. 4. Игри во ВИ: поим за оптимално одлучување во игрите, поим за оптимални стратегии во игрите, функција за проценка на позициите во игрите, МИНИМАКС алгоритамот, игри со повеќе играчи, алфа-бета отсекување, игри на среќа. 5. Учење: облици на учење,  стебла на учење, статистички методи на учење, примена во играњето игри, примена во роботиката. 6. Невронски мрежи: структура на невронските мрежи, видови невронски мрежи и нивно обучување.

12.    Методи на учење: Предавања, презентации, домашни задачи, аудиториски и лабораториски вежби

13.    Вкупен расположив фонд на часови

2 + 2 + 1 + 0

14.    Распределба на расположивото време

180

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

30

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

45

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

0

16.2. Самостојни задачи

45

16.3. Домашно учење

60

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

30

17.2. Семинарска работа/проект

0

17.3. Активност и учење

0

17.4. Завршен испит

70

18.    Критериуми за оценување

до 49 бодови

5 (пет) (F)

од 50 до 59 бодови

6 (шест) (E)

од 60 до 69 бодови

7 (седум) (D)

од 70 до 79 бодови

8 (осум) (C)

од 80 до 89 бодови

9 (девет) (B)

од 90 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

успешно завршени лабораториски вежби

20.    Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

21.    Метод на следење на квалитетот на наставата

интерна евалуација и анкети

22.    Литература

22.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Стјуарт Расел, Питер Норвиг

Вештачка интелигенција – Современ приод

 

2010

22.2. Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Е. Лазаревска

Предавања по предметот основи на вештачката интелигенција

ФЕИТ – Скопје

2017