Практично проектирање на електронски кола

Објавено: јуни 28, 2022
1. Наслов на наставниот предмет Практично проектирање на електронски кола
2. Код 4ФЕИТ05Л029
3. Студиска програма КХИЕ
4. Организатор на студиската програма Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен Прв циклус студии
6. Академска година / семестар IV/8 7. Број на ЕКТС 6
8. Наставник Д-р Јосиф Ќосев
9. Предуслов за запишување на предметот Ислушан: Електроника 2
10. Цели на предметната програма (компетенции). Разбирање на практичните аспекти на проектирањето електронски кола како: техничките спецификации, избор на компоненти, пристап кон тестирање и дебагирање, проектирање за електромагнетна компатибилност, употреба на CAD алати за симулација и проектирање електронска плочка, CAM датотеки за призводство, елементи на четвртата индустриска револуција, асемблирање, „заживување“ и тестирање на електронски уреди.
11. Содржина на програмата: Од идеја до реализација. Анализа на спецификациите. Стандарди, прописи и препораки. Тек на дизајнот и развојот. Вовед во CAD работна околина. Избор на компоненти и димензионирање. Дефинирање библиотеки. Логички структурирани електронски шеми. Внесување ел. шема во CAD. Класи на мрежи и правила за изведба. Проектирање за ЕМС. Проверка на шемата. Симулација со SPICE. Правила за поефикасно тестирање и дебагирање. Методи за физичко распоредување на компонентите. Трансформација на електрични шеми во физичка изведба. Методи и правила за изведба на конекции. RF и EMC барања при изведбата. Диференцијални парици и балансирање на импедансите. Вовед во производство на печатени плочки и четвртата индустриска револуција. CAM датотеки за асемблирање и производство. Асемблирање на електронски плочки, тестирање и „заживување“.
12.Методи на учење Предавања, лабораториски вежби, практичен проект, консултации и форуми
13. Вкупен расположив фонд на часови 2 + 0 + 3 + 0
14. Распределба на расположивото време 180
15. Форми на наставните активности 15.1. Предавања – теоретска настава 30
15.2. Вежби, семинари, тимска работа 45
16. Други форми на активност 16.1. Проектни задачи 40
16.2. Самостојни задачи 30
16.3. Домашно учење 35
17. Начини на оценување 17.1. Тестови 10
17.2. Семинарска работа/проект 40
17.3. Активност и учење 10
17.4. Завршен испит 40
18. Критериуми за оценување до 50 бодови 5 (пет) (F)
од 51до 60 бодови 6 (шест) (E)
од 61до 70 бодови 7 (седум) (D)
од 71до 80 бодови 8 (осум) (C)
од 81до 90 бодови 9 (девет) (B)
од 91до 100 бодови 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Успешно изработени лабораториски вежби / проектна задача
20. Начин на полагање на испитот Писмен тест и усмена презентација на проектна задача
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Интерна евалузација и студентски анкети
23. Литература
23.1. Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Daniel Schöni Schaltungs- und Leiterplattendesign im Detail ISBN 978-3-7392-1871-7 2016
2 U. Tietze • Ch. Schenk • E. Gamm Electronic Circuits Handbook for Design and Application Springer 2002
23.2. Дополнителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 I. Sinclair, J. Dunton Practical Electronics Handbook, 6th Ed. Elsevier 2007
2 Dr. Peter Dalmaris KiCad Like a Pro, 2 nd Edition Tech Explorations 2018