Примена на микроконтролери

Објавено: октомври 12, 2018

1.    Наслов на наставниот предмет

Примена на микроконтролери

2.    Код

3ФЕИТ06З006

3.    Студиска програма

ЕАОИЕ

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

III/5

7.    Број на ЕКТС

6.00

8.    Наставник

Д-р Марија Кацарска

9.    Предуслов за запишување на предметот

Положени: Основи на електротехника Ислушани: Основи на електрични кола

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Цел на предметот е запознавање со микроконтролери, нивните конструктивни и експлоатациони особености и примена. Студентот по завршувањето ќе биде оспособен за употреба на микроконтролери за конверзија и искористување на електричната енергија, дигитално управување со електрични машини и други апликации во индустијата.

11.    Содржина на програмата: Потреба и можности за примена на микороконтролери при конверзија и искористување на електричната енергија. Запознавање со микроконтролерите и придружни компоненти во едно електрично коло. Управување на потрошувачи со микроконтролер, со посебен осврт на изборот на полупроводнички елементи за таа намена. Запознавање и примена на основни програмски пакети за дизајнирање, симулација и дебагирање на микроконтролерски системи. Особености на влезно излезните порти и нивни функции. Особености на аналогно дигиталната конверзија, прекини, бројачи, тајмери и други специјални функции. Протоколи за комуникација на микроконтролер со надворешни уреди и нивно меѓусебно поврзување, како и поврзување со компјутер со обезбедување соодветна хардверска и софтверска поддршка. Електромагнетни пречки, преглед на извори и техники на заштита. Практични примери на управување при конверзија и искористување на електрична енергија со микроконтролери.

12.    Методи на учење: Комбиниран начин на учење: предавања, подржани со презентации и визуелизација на концептите, активно учество на студентите преку тестови и задачи за решавање на час, домашни и проектни задачи, лабораториски вежби.

13.    Вкупен расположив фонд на часови

3 + 0 + 2 + 0

14.    Распределба на расположивото време

180

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

45

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

30

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

30

16.2. Самостојни задачи

15

16.3. Домашно учење

60

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

10

17.2. Семинарска работа/проект

20

17.3. Активност и учење

20

17.4. Завршен испит

50

18.    Критериуми за оценување

до 50 бодови

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бодови

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бодови

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

Посетеност на наставата и навремено изработени лабораториски вежби.

20.    Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

21.    Метод на следење на квалитетот на наставата

Интерна евалуација и анкети.

22.    Литература

22.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Milan Verle

PIC Microcontrollers – Programming in Basic

MikroElektronika

2010

2

Dogan Ibrahim

Advanced PIC Microcontroller Projects in C: From USB to RTOS with the PIC 18F Series

Elsevier

2008

22.2. Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Tim Wilmshurst

Designing Embedded Systems with PIC Microcontrollers – Principles and applications

Elsevier

2007