Процесни мерења

Објавено: јуни 28, 2022
1. Наслов на наставниот предмет Процесни мерења
2. Код 4ФЕИТ03З009
3. Студиска програма КСИАР
4. Организатор на студиската програма Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен Прв циклус студии
6. Академска година / семестар III/5 7. Број на ЕКТС 6
8. Наставник Д-р Живко Коколански
9. Предуслов за запишување на предметот Положен: Мерења во електротехника
10. Цели на предметната програма (компетенции). Стекнување на знаења за процесните мерно-информациски и мерно-управувачки системи. Способност за дизајн, реализација и одржување на процесни мерни системи. Способност за имплементирање на системи за аквизиција на податоци, процесна и виртуелна инструментација.
11. Содржина на програмата: Вовед во процесни мерења. Поим и класификација на мерни сетила и преобразувачи во поглед на излезниот сигнал. Поим за активни сетила, пасивни сетила и паметни сетила и преобразувачи. Модел на процесен мерен систем. Внатрешни и надворешни нарушувања на мерниот систем. Примена на табели за пребарување и парцијална линеарна интерполација за апроксимација на преносната карактеристика на мерен систем. Линеаризација и компензација кај мерни системи. Електронски кола за кондиционирање на мерни сетила базирани на мерење периода, фреквенција, временски интервал и амплитуда. Капацитивно и индуктивно спрегнување и елиминирање на пречки во процесните мерни системи. Активно и пасивно оклопување. Заземјување на мерни кола. Повеќеканални системи за аквизиција на податоци. Процесна и виртуелна инструментација. Телеметрија и пренос на мерни податоци.
12.Методи на учење Предавања, аудиториски и лабораториски вежби, семинарски и проектни задачи, самостојно учење.
13. Вкупен расположив фонд на часови 3 + 1 + 1 + 0
14. Распределба на расположивото време 180
15. Форми на наставните активности 15.1. Предавања – теоретска настава 45
15.2. Вежби, семинари, тимска работа 30
16. Други форми на активност 16.1. Проектни задачи 15
16.2. Самостојни задачи 45
16.3. Домашно учење 45
17. Начини на оценување 17.1. Тестови 20
17.2. Семинарска работа/проект 20
17.3. Активност и учење 10
17.4. Завршен испит 50
18. Критериуми за оценување до 50 бодови 5 (пет) (F)
од 51до 60 бодови 6 (шест) (E)
од 61до 70 бодови 7 (седум) (D)
од 71до 80 бодови 8 (осум) (C)
од 81до 90 бодови 9 (девет) (B)
од 91до 100 бодови 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Редовно посетување на наставата, аудиториските и лабораториските вежби
20. Начин на полагање на испитот

Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 120 минути), тестови кои се спроведуваат во текот на часовите, тестирање на лабораториски вежби и можна изработна на проектна задача. Во конечната оценка влагуваат поените од парцијалните испити, тестовите и проектната задача.

Во предвидените испитни сесии се полага писмен испит (времетраење 120 минути). Во конечната оценка влагуваат поените од писмениот испит, тестовите и проектната задача.

Проектната задача студентот ја работи за време на лабораториските вежби и мора да демонстрира практично решение и техничка документација две недели пред крајот на семестарот.

За време на испитот не е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, како и калкулатор, мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред.

21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Интерна евалуација и анкети
23. Литература
23.1. Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 J. Fraden Handbook of Modern Sensors, Physics Design and Applications, Third Edition Springer 2003
2 Ramon Pallas-Areny, John G. Webster Sensors and Signal Conditioning, Second Edition John Wiley & Sons 2001
3 Ж. Коколански Процесни мерења, интерна скрипта ФЕИТ 2020
23.2. Дополнителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 J.Park, S. Mackay Data Acquisition for Instr. and Control Systems Elsevier 2003
2 S. Awan, B. Kibble, J. Schurr Coaxial Electrical Circuits for Interference-Free Measurements IET 2011
3 A.Ferrero, D. Petri, P. Carbone, M. Catelani Modern Measurements, Fundamentals and Applications IEEE Press, Wiley 2015