Проектен менаџмент и етика во инженерството

Објавено: октомври 12, 2018

1.    Наслов на наставниот предмет

Проектен менаџмент и етика во инженерството

2.    Код

3ФЕИТ04Л020

3.    Студиска програма

ЕАОИЕ, ЕЕС, ЕЕУМ, КСИАР, КТИ, КХИЕ, ТКИИ

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

IV/8

7.    Број на ЕКТС

3.00

8.    Наставник

Д-р Вангел Фуштиќ

9.    Предуслов за запишување на предметот

 

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Стручен и научен пристап кон проучување на проектите и проектните вештини за планирање, организирање, водење, и контролирање на проектите. Дефинирање и проценка на етичките вредности во инженерските проекти.

11.    Содржина на програмата: Дефиниција на проектен менаџмент. Класификација и поделба на проектите. Клучни субјекти во проектите. Селекција на проекти. Критериуми за успешност на проекти. Иновативност во инженерските проекти. Вклопување на иновативни проекти во проектното портфолио на компаниите. Бизнис план. Дискусија според PMBOK (PMI). PID, Project Charter документи. Планирање на проекти. Организирање, водење и контрола на проектите. Анализа Трошоци-Ефекти за проектите. Техно-економска анализа на проектите. Економски критериуми за избор на проекти во техниката. Проект менаџер. Лидерство во проекти. Инвеститор и Проектна компанија. Документација во инженерските проекти. Основна техничка документација. Тендерска документација. Понуди. Договори.   Примери на успешни и неуспешни технички проекти.Општо за етиката во проектниот менаџмент. Универзална етика во мултикултурна средина. Деловна етика. Етика на професионално здравје и ризик. Етика во областа на  инженерството.Етика и проектниот менаџмент. Етика на бизнис

12.    Методи на учење: Предавања поддржани со презентации, интерактивни предавања, аудиториски вежби, посета на реални проекти, стручни предавања од практиката, самостојна изработка на проектен и бизнис план.

13.    Вкупен расположив фонд на часови

2 + 1 + 0 + 0

14.    Распределба на расположивото време

90

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

30

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

15

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

10

16.2. Самостојни задачи

15

16.3. Домашно учење

20

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

35

17.2. Семинарска работа/проект

10

17.3. Активност и учење

5

17.4. Завршен испит

50

18.    Критериуми за оценување

до 49 бодови

5 (пет) (F)

од 50 до 59 бодови

6 (шест) (E)

од 60 до 69 бодови

7 (седум) (D)

од 70 до 79 бодови

8 (осум) (C)

од 80 до 89 бодови

9 (девет) (B)

од 90 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

Изработка на бизнис/проектен план

20.    Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

21.    Метод на следење на квалитетот на наставата

Студентска анкета и самоевалуација

22.    Литература

22.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Кети Лејк

Совладување на проектен менаџмент

Торогуд

1999

2

Финаншиал тајмс – автори

Пишување на бизнис план

Пирсон

2011

3

Ралп Клием

Етиката и проектниот менаџмент

ЦРЦ Прес

2012