Проектирање на електроенергетски објекти

Објавено: октомври 12, 2018

1.    Наслов на наставниот предмет

Проектирање на електроенергетски објекти

2.    Код

3ФЕИТ04Л022

3.    Студиска програма

ЕЕУМ

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

IV/8

7.    Број на ЕКТС

6.00

8.    Наставник

Д-р Вангел Фуштиќ

9.    Предуслов за запишување на предметот

 

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Здобивање на стручно знаење и проектирање техничка документација за објектите во електроенергетски системи и избор на електротехничка опрема.

11.    Содржина на програмата: Вовед во процесот на проектирање. Проектирање техничка документација. Принципи и методи на проектирање. Стандардизација. Стадиуми на проектна документација. Проектна задача. Содржина на техничката проектна документација. Обем и спецификации на активностите во проектот. Документација за обезбедување квалитет. Временски распоред во проектите. Трошоци во проекти. Технички решенија и пресметки. Цртежи. Енергетски и помошни системи во ЕЕО. Проектирање на термоенергетски објекти. Проектирање на хидроенергетски објекти. Проектни решенија на пумпно-акумулациони ХЕЦ. Проектни решенија на нуклеарни централи. Проектирање на електрични централи од обновливи извори на енергија. Проектирање на раводни постројки на висок, среден и низок напон. Проектирање на трансформаторски постројки. Проектирање на Системи за мерење, следење, управување и заштита. Проектирање на AC/DC развод. Проектирање на електрично осветление, погонски системи, заземјување и громобранска заштита во ЕЕО.

12.    Методи на учење: Предавања поддржани со презентации, интерактивни предавања, аудиториски вежби, креирање техничка документација за реални проекти во ЕЕ, стручни предавања на инженери од практиката, самостојна изработка на проектни задачи и проектни решенија.

13.    Вкупен расположив фонд на часови

3 + 2 + 0 + 0

14.    Распределба на расположивото време

180

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

45

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

33

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

30

16.2. Самостојни задачи

30

16.3. Домашно учење

45

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

35

17.2. Семинарска работа/проект

10

17.3. Активност и учење

5

17.4. Завршен испит

50

18.    Критериуми за оценување

до 49 бодови

5 (пет) (F)

од 50 до 59 бодови

6 (шест) (E)

од 60 до 69 бодови

7 (седум) (D)

од 70 до 79 бодови

8 (осум) (C)

од 80 до 89 бодови

9 (девет) (B)

од 90 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

Изработка на проектни задачи и проектни решенија

20.    Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

21.    Метод на следење на квалитетот на наставата

Студентска анкета и самоевалуација

22.    Литература

22.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

John D. McDonald

ELECTRIC POWER SUBSTATIONS ENGINEERING

Taylor & Francis Group, LLC

2007

2

Вангел Фуштиќ

Проектирање на електрични централи, инт. скрипта

ЕТФ, Скопје

 

22.2. Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Јован Нахман

Високонапонска постројења

Беопрес – Београд

2000