Проектирање на сигурносни системи

Објавено: октомври 12, 2018

1.    Наслов на наставниот предмет

Проектирање на сигурносни системи

2.    Код

3ФЕИТ01Л016

3.    Студиска програма

КСИАР

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

III/6

7.    Број на ЕКТС

6.00

8.    Наставник

Вонр.проф. д-р  Живко Коколански

9.    Предуслов за запишување на предметот

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Запознавање со потребата за сигурност и заштита при работата на автоматизираните системи и процеси. Изучување на најчесто употребуваните сигурносни системи за различни примени. Оспособување за проектирање, примена, тестирање, одржување и надградување на сигурносни системи.

11.    Содржина на програмата: Вовед во безбедносно инженерство и теорија на сигурносни системи. Системи за заштита во нисконапонски електрични инсталации и нивно тестирање. Заштита во потенцијално експлозивни зони, стандардизација и проектирање. Детекција на токсични гасови и правила за инсталирање. Системи за заштита од пожар. Контрола на пристап и детекција на присуство.  Заштита од провала. Заштита од кражба. Системи за видео надзор. Далечинско мониторирање. Автономни системи за видео запис. Архитектури на BAS системи. За­штита во ИТ системи. Сигурносни системи за Интернет. Безбедност на компјутерски системи и енкрипција на податоци.

12.    Методи на учење: Предавања, аудиториски и лабораториски вежби, семинарски и проектни задачи, самостојно учење.

13.    Вкупен расположив фонд на часови

2 + 2 + 1 + 0

14.    Распределба на расположивото време

180

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

30

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

45

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

30

16.2. Самостојни задачи

30

16.3. Домашно учење

45

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

20

17.2. Семинарска работа/проект

20

17.3. Активност и учење

10

17.4. Завршен испит

50

18.    Критериуми за оценување

до 50 бодови

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бодови

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бодови

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

Редовно посетување на наставата, аудиториските и лабораториските вежби

20.  Начин на полагање на испитот

Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 120 минути), тестови кои се спроведуваат во текот на часовите, тестирање на лабораториски вежби и можна изработна на проектна задача. Во конечната оценка влагуваат поените од парцијалните испити, тестовите и проектната задача.
Во предвидените испитни сесии се полага писмен испит (времетраење 120 минути). Во конечната оценка влагуваат поените од писмениот испит, тестовите и проектната задача. Проектната задача студентот ја работи за време на лабораториските вежби
и мора да демонстрира практично решение и техничка документација две недели пред крајот на семестарот.
За време на испитот (не) е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, како и калкулатор, мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред

21.  Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

22.  Метод на следење на квалитетот на наставата

Интерна евалуација и анкети

23.    Литература

23.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Robert L. Pearson Electronic Security Systems Elsevier 2007

2

Lorie Faith Cranor Security and Usability O’Reilly 2005

3

Живко Коколански Проектирање на сигурносни системи, интерна скрипта ФЕИТ 2015

23.2. Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Mohammad S. Obaidat Security of e-Systems and Computer Networks Cambridge 2007

2

Matt Bishop Computer Security: Art and Science Addison Wesley 2002