Проектирање на системи на автоматско управување

Објавено: јуни 28, 2022
1. Наслов на наставниот предмет Проектирање на системи на автоматско управување
2. Код 4ФЕИТ01З016
3. Студиска програма КСИАР
4. Организатор на студиската програма Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен Прв циклус студии
6. Академска година / семестар IV/7 7. Број на ЕКТС 6
8. Наставник Д-р Душко Ставров
9. Предуслов за запишување на предметот Положен: Теорија на автоматско управување 1
10. Цели на предметната програма (компетенции). Совладување на теоретските и практичните аспекти на класичната синтеза на системите за автоматско управување. Способност за решавање на широк дијапазон теоретски и практични проблеми од областа на класичната синтеза на системите на автоматско управување, оспособеност за проектирање на вакви системи.
11. Содржина на програмата: Оценка на квалитетот на преодниот и стационарниот одѕив кај системите на автоматско управување. Интегрални критериуми за анализа и дизајн на системи на автоматско управување. Различни видови на компензатори. Проектирање и синтеза на системи на автоматско управување во фреквенциски домен со користење на Најквистова крива. Проектирање и синтеза на системи на автоматско управување во фреквенциски домен со користење на Бодеови дијаграми. Проектирање и синтеза на системи на автоматско управување со користење на Геометриското место на корени. Проектирање и синтеза на системи на автоматско управување во просторот на состојбите.
12.Методи на учење Комбиниран начин на учење: предавања, подржани со презентации, домашни задачи, аудиториски вежби и практични вежби во лабораторија.
13. Вкупен расположив фонд на часови 2 + 2 + 1 + 0
14. Распределба на расположивото време 180
15. Форми на наставните активности 15.1. Предавања – теоретска настава 30
15.2. Вежби, семинари, тимска работа 45
16. Други форми на активност 16.1. Проектни задачи 0
16.2. Самостојни задачи 45
16.3. Домашно учење 60
17. Начини на оценување 17.1. Тестови 20
17.2. Семинарска работа/проект 0
17.3. Активност и учење 0
17.4. Завршен испит 80
18. Критериуми за оценување до 50 бодови 5 (пет) (F)
од 51до 60 бодови 6 (шест) (E)
од 61до 70 бодови 7 (седум) (D)
од 71до 80 бодови 8 (осум) (C)
од 81до 90 бодови 9 (девет) (B)
од 91до 100 бодови 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Редовно посетување на наставата и аудиториските вежби, како и успешно и навремено изработени лабораториски вежби.
20. Начин на полагање на испитот Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 120 минути), тестови кои се спроведуваат во текот на часовите и тест од лабораториски вежби (по завршување на вежбите).
1. За студентите кои ги положиле парцијалните испити, како замена за завршниот писмен испит, може да се спроведе и завршен устен испит (времетраење до 60 минути). Во конечната оценка влагуваат поените од парцијалните испити, тестовите и завршниот устен испит (ако е спроведен).
2. Во предвидените испитни сесии се полага завршен писмен испит (времетраење 120 минути). За студентите кои го положиле завршниот писмен испит, може да се спроведе и завршен устен испит (времетраење до 60 минути). Во конечната оценка влагуваат поените од завршниот писмен испит, тестовите и завршниот устен испит (ако е спроведен).
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата интерна евалуација и анкети
23. Литература
23.1. Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Katsuhiko Ogata Discrete-time Control Systems PHI Learning 2013
2 Норман С. Нисе Системи на автоматско управување Скопје, Датапонс (превод на македонски) 2013
23.2. Дополнителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 E. Лазаревска Проектирање на системи на автоматско управување ФЕИТ–УКИМ 22018
2 Е. Лазаревска Збирка на одбрани решени задачи од областа на синтезата на системи на автоматско управување ФЕИТ–УКИМ 2016