Програмабилни логички управувачи

Објавено: октомври 12, 2018

1.    Наслов на наставниот предмет

Програмабилни логички управувачи

2.    Код

3ФЕИТ01З015

3.    Студиска програма

КСИАР, КХИЕ

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

IV/7

7.    Број на ЕКТС

6.00

8.    Наставник

Д-р Миле Станковски

9.    Предуслов за запишување на предметот

 

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Цел на оваа дисциплина е да ги запознае студентите со различните типови на програмабилни управувачи кои постојат на пазарот во денешно време, нивниот принцип на работа и начин на користење. Со успешно завршување на предметот студентите ќе бидат оспособени за работа со скалест дијаграм и логичко програмирање на ПЛУ. Исто така ќе бидат оспособени за проектирање на системи на управување со ПЛУ, пресметка на потребните хардверски и софтверски капацитети на управувачките уреди и сл.

11.    Содржина на програмата: Програмабилни логички управувачи како дел од управувачки системи. Хардверски аспекти на ПЛУ. Конструкција, структура и работа на ПЛУ. Дигитални влезни модули. Дигитални излезни модули. Аналогни модули. Специјални и комуникациски модули. Софтверски аспекти на ПЛУ. Скалесто програмирање. Графичко програмирање. Практична примена на ПЛУ. Управување на производен процес со помош на ПЛУ. Управување на индустриски лифт со ПЛУ. Управување на производна линија со ПЛУ.

12.    Методи на учење: Комбиниран начин на учење: предавања, подржани со презентации, домашни задачи, проектни задачи и аудиториски вежби и практични вежби во лабораторија.

13.    Вкупен расположив фонд на часови

2 + 2 + 1 + 0

14.    Распределба на расположивото време

180

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

30

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

45

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

30

16.2. Самостојни задачи

30

16.3. Домашно учење

45

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

10

17.2. Семинарска работа/проект

30

17.3. Активност и учење

10

17.4. Завршен испит

50

18.    Критериуми за оценување

до 50 бодови

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бодови

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бодови

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

Редовно посетување на наставата и аудиториските вежби и навремено изработени лабораториски вежби.

20.    Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

21.    Метод на следење на квалитетот на наставата

Интерна евалуација и анкети

22.    Литература

22.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Frank D. Petruzella

Programmable Logic Controllers

McGraw-Hill

2011

2

L. A. Bryan, E. A.  Bryan

Programmable Controllers:  Theory and Implementation

Industrial Text Company

1997

3

E.A. Parr

Programmable Controllers An engineer’s guide

Newnes

2003

22.2. Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

W. Bolton

Programmable Logic Controllers

Elsevier

2009