Програмирање и алгоритми

Последна измена: октомври 25, 2019

1.    Наслов на наставниот предмет

Програмирање и алгоритми

2.    Код

3ФЕИТ07З027

3.    Студиска програма

ЕАОИЕ, ЕЕС, ЕЕУМ, КСИАР, КТИ, КХИЕ, ТКИИ

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

I/1

7.    Број на ЕКТС

6.00

8.    Наставник

Д-р Валентин Раковиќ, Д-р Живко Коколански, Д-р Марија Календар, Д-р Сања Велева, Д-р Славче Пејоски, Д-р Томислав Шуминоски

9.    Предуслов за запишување на предметот

 

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Запознавање со основите на програмирање. Концепти на програмирање и програмски алгоритми. По завршување студентот ќе може да пишува едноставни и сложени програми во C програмскиот јазик.

11.    Содржина на програмата: Вовед во компјутерски системи, компоненти и организација: процесор, регистри, меморија.  Програмирање. Програмски јазици. Синтакса и семантика. Структура на програма во Ц. Податочни типови. Константи. Променливи и видови променливи. Оператори. Релациски и логички операции. Изрази. Основни-влезно излезни изрази. Наредби за контрола на извршување на програмата: наредби за гранење (if- else, switch), наредби за повторување (for, while). Функции. Рекурзивни функции. Сложени програмски структури. Низи. Покажувачи и операции со покажувачи. Повеќеиндексни низи – матрици. Концепти на пребарување низ сложени податочни структури. Начини на подредување. Текстуални низи. Аргументи во main() функцијата. Концепт на датотеки и FILE Структура.

12.    Методи на учење: Предавања, аудиториски и лабораториски вежби

13.    Вкупен расположив фонд на часови

2 + 2 + 2 + 0

14.    Распределба на расположивото време

180

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

30

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

60

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

10

16.2. Самостојни задачи

20

16.3. Домашно учење

60

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

10

17.2. Семинарска работа/проект

10

17.3. Активност и учење

0

17.4. Завршен испит

80

18.    Критериуми за оценување

до 50 бодови

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бодови

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бодови

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

Лабораториски вежби

20.    Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

21.    Метод на следење на квалитетот на наставата

Интерна евалуација и анкети

22.    Литература

22.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

K. Loudon Mastering Algorithms with C O’Reilly 1999

2

Kochan C. Programming in ANSI C SAMS Publishing 1991

3

Б. Керниган, Д. Ричи Програмски јазик С превод влада 1988

22.2. Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Thomas H. Cormen, et. al. Introduction to Algorithms, (2nd Edition) MIT PRESS 2001

2

R. Sedgewick Algorithms in C Parts 1-5: Fundamentals, Data Structures, Sorting, Searching, 3rd Ed Addison-Wesley Professional 2001