Радиотехника

Објавено: октомври 12, 2018

1.    Наслов на наставниот предмет

Радиотехника

2.    Код

3ФЕИТ05Л032

3.    Студиска програма

КХИЕ

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

IV/8

7.    Број на ЕКТС

6.00

8.    Наставник

Д-р Томислав Карталов

9.    Предуслов за запишување на предметот

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Студентот е оспособен квантитативно и квалитативно да го разбира принципот на работа на радиофреквенциските уреди, да користи техничка документација, да дизајнира решенија за симплифицирани практични проблеми од радиотехниката.

11.    Содржина на програмата: Класификација на радиобранови, фреквенциски план, типични апликации. Феномени на пропагација. Осцилаторни кола: сериски, паралелни, Q-фактор и спрегнати осцилаторни кола.  Смитови дијаграми, примена за анализа на прилагодување на импеданси. Конструкција на радиопредавателни системи, блок дијаграми. Умножувачи на фреквенција и основни модулациски кола.  Реализација на засилувач на моќност во класа “C”,“D” и “E”. VF-засилувачи со голема моќност, дигитални модулациски техники за големи моќности. Конструкција на радиоприемни системи: влезен степен, меѓуфреквенциски засилувач, коло за промена на фреквенцијата. Oсцилатори, класични и кварцно стабилизирани. PLL-кола, конструкција и перформанси. Демодулациски степен и коло за Автоматска Регулација на Засилување. Дигитални модулациски техники, основни конструкции на приемнички и предавателни бази.

12.    Методи на учење: Предавања, аудиториски и лабораториски вежби. Теренска настава и проектни задачи.

13.    Вкупен расположив фонд на часови

3 + 1 + 1 + 0

14.    Распределба на расположивото време

180

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

45

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

30

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

15

16.2. Самостојни задачи

0

16.3. Домашно учење

90

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

10

17.2. Семинарска работа/проект

20

17.3. Активност и учење

10

17.4. Завршен испит

60

18.    Критериуми за оценување

до 50 бодови

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бодови

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бодови

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

Редовно посетување на наставата и аудиториските и лабораториски вежби.

20.   Начин на полагање на испитот

Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 120 минути). Ако студентот не ги положи парцијалните испити може во предвидените испитни сесии да полага писмен испит (времетраење 120 минути). За време на наставата се бодува активноста на студентот. Студентот треба да изработи проектна задача и истата да ја предаде најдоцна до крајот на сесијата која следи по крајот на семестарот. Во конечната оценка влeгуваат поените од парцијалните испити или испитот, активноста и проектната задача.
За време на испитот не е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, како и калкулатор, мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред

21.    Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

22.    Метод на следење на квалитетот на наставата

Самоевалуација, анкети, интервјуа на студентите кои положиле.

23.    Литература

23.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Behzad Razavi RF Microelectronics Second edition Prentice Hall 2012

23.2. Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Dr Dragisa Krstic Radiotehnika, II izdanje Univerzitet u Nisu 2003

2

Chris Bowick RF Circuit Design Newnes 1982