| 1. | Наслов на наставниот предмет | Регулатива во областа на животната средина | |||||||||||
| 2. | Код | 4ФЕИТ06009 | |||||||||||
| 3. | Студиска програма | 14-ЕСОР, 17-РЕЕКС | |||||||||||
| 4. | Организатор на студиската програма
(единица, односно институт, катедра, оддел) |
Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||||||
| 5. | Степен (прв, втор, трет циклус) | Втор циклус студии | |||||||||||
| 6. | Академска година/семестар | I/1 | 7. | Број на ЕКТС кредити | 6.00 | ||||||||
| 8. | Наставник | Д-р Благоја Марковски, Д-р Владимир Ѓоргиевски | |||||||||||
| 9. | Предуслов за запишување на предметот | ||||||||||||
| 10. | Цели на предметната програма (компетенции):
Запознавање со регулативите во областа на животната средина на национално и меѓународно ниво. Оспособеност за подготовка и евалуација на студиии за заштита на животната средина. |
||||||||||||
| 11. | Содржина на програмата:
Меѓународен и историски контекст (Начела за заштита на животната средина; Меѓународни конвенции и договори; Извештаи од Рамковната конвенција за климатски промени на Обединетите Нации; Цели за одржлив развој на Обединетите Нации). Национална состојба и регулатива (Ратификувани конвенции; Законски и подзаконски акти; Максимално дозволени граници на емисии на загадувачки супстанци и изложувње на физички агенси; Статистички податоци за индикатори за животна средина). Стекнување професионални вештини (Изработка на Елаборат за заштита на животна средина – методологија, форма и содржина; Етички обврски и должности во професионалната пракса). Проценка на влијание врз животна средина од инсталации и постројки во доменот на енергетиката и телекомуникациите. Евалуација на изготвени елаборати. |
||||||||||||
| 12. | Методи на учење:
Предавања со презентации; интерактивни предавања; тимска и самостојна работа; студија на случај; самостојна изработка и одбрана на проектна задача во форма на семинарска работа, студија или истражувачки труд; интерактивни дискусии |
||||||||||||
| 13. | Вкупен расположив фонд на време | 180 | |||||||||||
| 14. | Распределба на расположивото време | 3 + 3 | |||||||||||
| 15. | Форми на наставните активности | 15.1 | Предавања – теоретска настава | 45 часови | |||||||||
| 15.2 | Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа | 45 часови | |||||||||||
| 16. | Други форми на активности | 16.1 | Проектни задачи | 30 часови | |||||||||
| 16.2 | Самостојни задачи | 30 часови | |||||||||||
| 16.3 | Домашно учење | 30 часови | |||||||||||
| 17. | Начин на оценување | ||||||||||||
| 17.1 | Тестови | 30 бодови | |||||||||||
| 17.2 | Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) | 50 бодови | |||||||||||
| 17.3. | Активност и учење | 20 бодови | |||||||||||
| 17.4. | Завршен испит | 0 бодови | |||||||||||
| 18. | Критериуми за оценување (бодови/оценка) | до 50 бода | 5 (пет) (F) | ||||||||||
| од 51 до 60 бода | 6 (шест) (E) | ||||||||||||
| од 61 до 70 бода | 7 (седум) (D) | ||||||||||||
| од 71 до 80 бода | 8 (осум) (C) | ||||||||||||
| од 81 до 90 бода | 9 (девет) (B) | ||||||||||||
| од 91 до 100 бода | 10 (десет) (A) | ||||||||||||
| 19. | Услов за потпис и полагање на завршен испит | Изработка на проектна задача. | |||||||||||
| 20. | Начин на полагање на испитот | Одбрана на проектна задача. | |||||||||||
| 21. | Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||||||
| 22. | Метод на следење на квалитетот на наставата | Самоевалуација | |||||||||||
| 23. | Литература | ||||||||||||
| 23.1. | Задолжителна литература | ||||||||||||
| Ред.
број |
Автор | Наслов | Издавач | Година | |||||||||
| 1. | Министерство за животна средина и просторно планирање | Закон за животната средина | Службен В. на Р.М. бр: 53/2005 од 05.07.2005 (или понов) | 2005 | |||||||||
| 23.2. | Дополнителна литература | ||||||||||||
| Ред.
број |
Автор | Наслов | Издавач | Година | |||||||||
| 1. | IPCC | Climate Change 2022: Impacts, Adaptation and Vulnerability. Contribution of Working Group II to the Sixth Assessment Report of the Intergovernmental Panel on Climate Change (Technical Summary) | Cambridge University Press, Cambridge, UK and New York, NY, USA | 2022 | |||||||||
| 2. | Стандарди кои се релевантни за потесната област на истражување | ||||||||||||

