Регулатива во железничкиот транспорт

Последна измена: јули 13, 2023
1. Наслов на наставниот предмет Регулатива во железничкиот транспорт
2. Код 4ФЕИТ12010
3. Студиска програма 17-РЕЕКС
4. Организатор на студиската програма

(единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус студии
6. Академска година/семестар I/1   7.    Број на ЕКТС кредити 6.00
8. Наставник Д-р Зоран Кракутовски
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции):

Познавање на железничкиот транспорт, неговите специфики и регулативата во Р. Македонија и во ЕУ.

11. Содржина на програмата:

1. Железнички транспорт: поделба на железничкиот транспорт, предности и недостатоци на железничкиот транспорт. 2. Глобализација и либерализација на железничкиот транспорт: влијанието на железничкиот транспорт во процесите на глобализација, поделба на железничките компании – разни форми на поделба, ЕУ политика во доменот на железничкиот транспорт. 3. Легислатива во железничкиот транспорт: домашна легислатива, УИЦ документи, местото, улогата и одговорностите на секој чинител во одвивањето на железничкиот транспорт, технички стандарди за интероперабилност на железничкиот транспорт – ЕУ директиви, искуства од примената на ЕУ легислативата во државите од ЕУ, Југоисточна Европа и Република Македонија. 4. Планирање и менаџирање на проекти од железничкиот траснпорт: железницата и социо-економскиот развој на општеството, конкурентност и влијанија на железницата врз опкружувањето, студии за оправданост на инвестициите во железницата и методи на финансирање, управување со проекти за изградба на нови пруги, реконструкција и одржување на постоечките пруги, планирање на активностите.

12. Методи на учење:

Предавања и вежби со презентации и симулации, интерактивност на часовите, домашни задачи и изработка на проектни задачи.

13. Вкупен расположив фонд на време 180
14. Распределба на расположивото време 3+3
15. Форми на наставните активности 15.1 Предавања – теоретска настава 45 часови
15.2 Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 45 часови
16. Други форми на активности 16.1 Проектни задачи 30 часови
16.2 Самостојни задачи 30 часови
16.3 Домашно учење 30 часови
17. Начин на оценување
17.1 Тестови 30 бодови
17.2 Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) 50 бодови
17.3. Активност и учење 20 бодови
17.4. Завршен испит 0 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/оценка) до 50 бода 5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода 6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода 7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода 8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода 9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит 60% успех од сите предиспитни активности
20. Начин на полагање на испитот Тестови, изработка и презентација на семинарски задачи
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Самоевалуација
23. Литература
23.1.       Задолжителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1. Зоран Кракутовски Проектирање на железници Градежен факултет Скопје
2. V.A. Profillidis Менаџирање и управување со железници Ashgate, USA
3. Конард Есвалд Современ горен строј MRT – Productions, Германија
23.2.       Дополнителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1.  Европска унија  Интероперабилност во железничкиот систем   ЕУ СЛужбен весник 191/1,126/53