Симулации со методот Монте-Карло

Последна измена: јули 12, 2023
1. Наслов на наставниот предмет Симулации со методот Монте-Карло
2. Код 4ФЕИТ08021
3. Студиска програма 13-ПМА, 16-МНТ
4. Организатор на студиската програма

(единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус студии
6. Академска година/семестар I/1   7.    Број на ЕКТС кредити 6.00
8. Наставник Д-р Соња Геговска-Зајкова
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции):

Студентот ќе биде оспособен за ефикасна примена на методот Монте-Карло за креативно решавање на проблеми поврзани со анализа на податоци и интерпретација на статистички модели во различен контекст. Студентот ќе може јасно да ги изразува претпоставките на кои се засноваат одредени заклучоци, со користење на методот Монте Карло со кој систематски и критички се испитуваат претпоставките користејќи аналитички пристап. Тој/таа ќе можат да оптимизираат со помош на стохастичката симулација.

11. Содржина на програмата:

Монте Карло експерименти. Оценување со користење на аритметичка средина на примерок, оценување на дисперзијата на примерокот, генерирање на случајни броеви со Р, генерирање квази случајни броеви со рамномерна и нерамномерна распределба. Генерирање на дискретни и непрекинати случајни променливи. Статистичка анализа на симулирани податоци. Техники за редуцирање на дисперзијата. Бутстрапинг метод. Симулација на случајни процеси. Генерирање траектории на Маркови процеси; Монте Карло  Маркови вериги. Компјутерски интензивни техники за оценување на стандардна грешка, интервали на доверба, тестирање на хипотези и грешка на предвидување. Стохастичка оптимизација; Стохастички методи за апроксимација со симулација, оценување на градиенти и др.

12. Методи на учење:

Евалуација, синтеза, анализа и примена

13. Вкупен расположив фонд на време 180
14. Распределба на расположивото време 3 +  3
15. Форми на наставните активности 15.1 Предавања – теоретска настава 45 часови
15.2 Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 45 часови
16. Други форми на активности 16.1 Проектни задачи 30 часови
16.2 Самостојни задачи 30 часови
16.3 Домашно учење 30 часови
17. Начин на оценување
17.1 Тестови  0 бодови
17.2 Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) 50 бодови
17.3. Активност и учење 20 бодови
17.4. Завршен испит 30 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/оценка) до 50 бода 5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода 6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода 7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода 8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода 9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Нема
20. Начин на полагање на испитот Успешно изработена и одбранета семинарска работа
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Самоевалуација
23. Литература
23.1.       Задолжителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1. Sheldon M.Ross Simulation (4th ed.) Elsevier Academic Press 2006
23.2.       Дополнителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1.  James E. Gentle  Random Number Generation and Monte Carlo Methods  Springer  2003