Сообраќајна политика и економика

Објавено: март 13, 2019

Предмет: Сообраќајна политика и економика

Код: 3ФЕИТ11007

Број на ЕКТС кредити: 7 ЕКТС

Неделен фонд на часови:3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Верица Данчевска

Цели на предметната програма (компетенции): Основна цел на предметот е студентот да ги стекне следниве знаења и компетенции: • да се запознае со поимот за сообраќај и транспорт, како и видови и важност на сообраќајната политика.  • да се запознае со европската сообраќајна политика, нејзините цели, обележја, начела и инструменти • да ги запознае основните принципи на економиката во сообраќајот и транспортот • да се запознае и да е способен да ја имплементира европската регулатива во областа на сообраќајот и транспортот • да е способен да работи во делот на прилагодување на македонската кон Европската регулатива во сообраќајот и транспортот.

Содржина на предметната програма: •Основни поими за сообраќајно-транспортните системи и технологии (патен, воздушен, железнички сообраќај) • Општо за сообраќајната политика: поим, видови, цели, инструменти, начела • Општо за транспортната економика: поим, извори, обележја, принципи • Сообраќајна инфраструктура и сообраќајна супраструктура • Трошоци и видови трошоци во сообраќајот, пресметка на трошоци во сообраќајот • Економски модели за одредување на најекономичен вид на превоз • Меѓуоднос на сообраќајната политика и одржливиот развој • Меѓуоднос на транспортната економика и одржливиот развој • Преземање на Европската легислатива во областа на сообраќајот и транспортот

Литература:

Задолжителна литература
Бр.АвторНасловИздавачГодина
1Д-р Верица ДанчевскаТранспортна економикаТехнички факултет Битола2009
2Д-р Верица ДанчевскаСообраќајна политика и одржлив развојТехнички факултет Битола2006
Дополнителна литература
Бр.АвторНасловИздавачГодина
1Ratko ZelenikaNacela ekonomije i ekonomikeТехнички факултет Битола2008