1. Наслов на наставниот предмет | Техника на висок напон 2 | |||||||
2. Код | 4ФЕИТ09Л023 | |||||||
3. Студиска програма | ЕЕС | |||||||
4. Организатор на студиската програма | Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен | Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година / семестар | III/6 | 7. Број на ЕКТС | 6 | |||||
8. Наставник | Д-р Јорданчо Ангелов | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот | Положени: Електрични мрежи | |||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции). Запознавање со карактеристиките на молњата како извор на атмосферските пренапони, заштита на електроенергетски објекти, постројки и надземни водови, координација на изолацијата, методи за анализа, симулација и моделирање, комутациони (склопни) пренапони и заштита од нив. | ||||||||
11. Содржина на програмата: Вовед. Основни поими и дефиниции. Област на изучување. Молња – извор на атмосферските пренапони и нејзини карактеристики. Заштита од директни удари на молњата и СЗАП. Заштита на објектите, надземните водови и електроенергетските постројки. Простирање на бранови по водовите. Прекршување и одбивање. Петерсеново правило. Искришта и одводници на пренапони. Координација на изолацијата. Заземјување и импулсен отпор. Моделирање. Заштита на разводните постројки и трафостаници од упадни бранови. Комутациони пренапони во ЕЕС. Пренапони при вклучување и исклучување на реактивни елементи и долги водови. Примена на Matlab/Simulink за анализа на комутационите пренапони. Моделирање и пресметки. | ||||||||
12.Методи на учење Предавања и вежби со презентации и симулации, интерактивност на часовите, домашни задачи и изработка на проектни задачи. | ||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови | 3 + 2 + 0 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време | 180 | |||||||
15. Форми на наставните активности | 15.1. Предавања – теоретска настава | 45 | ||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа | 30 | |||||||
16. Други форми на активност | 16.1. Проектни задачи | 30 | ||||||
16.2. Самостојни задачи | 30 | |||||||
16.3. Домашно учење | 45 | |||||||
17. Начини на оценување | 17.1. Тестови | 20 | ||||||
17.2. Семинарска работа/проект | 20 | |||||||
17.3. Активност и учење | 10 | |||||||
17.4. Завршен испит | 50 | |||||||
18. Критериуми за оценување | до 50 бодови | 5 (пет) (F) | ||||||
од 51до 60 бодови | 6 (шест) (E) | |||||||
од 61до 70 бодови | 7 (седум) (D) | |||||||
од 71до 80 бодови | 8 (осум) (C) | |||||||
од 81до 90 бодови | 9 (девет) (B) | |||||||
од 91до 100 бодови | 10 (десет) (A) | |||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит | Редовно посетување на предавањата и вежбите | |||||||
20. Начин на полагање на испитот | Писмен испит: два парцијални испита (по 120 min) или завршен писмен испит (120 min). Студентот треба да ги изработи предвидените домашни и проектни задачи и истите да ги предаде според објавената динамика на веб страницата за предметот. Завршната оценка се определува поените добиени од испитите, домашните и проектните задачи според соодветните тежински коефициенти. За време на испитот не е дозволено користење литература во печатена или електронска форма, како и мобилен телефони, таблети или кој било друг електронски уред. Употреба на калкулатор е дозволена, но не е дозволено користење на мобилни телефони, таблети или слични електронски уреди. |
|||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата | Интерна евалуација и анкети | |||||||
23. Литература | ||||||||
23.1. Задолжителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | Ристо Ачковски | Техника на висок напон 2 | ФЕИТ-Скопје | 2008 | ||||
2 | Ристо Ачковски | Збирка задачи по техника на висок напон 2 | ФЕИТ-Скопје | 2008 | ||||
23.2. Дополнителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | Ристо Миновски | Атмосферски пренапони | ЕТФ-Скопје | 2002 |