Теорија на автоматско управување 1

Објавено: јуни 28, 2022
1. Наслов на наставниот предмет Теорија на автоматско управување 1
2. Код 4ФЕИТ01Л020
3. Студиска програма КСИАР
4. Организатор на студиската програма Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен Прв циклус студии
6. Академска година / семестар II/4 7. Број на ЕКТС 6
8. Наставник Д-р Душко Ставров
9. Предуслов за запишување на предметот Ислушани: Математика 3, Сигнали и системи
10. Цели на предметната програма (компетенции). Курсот има за цел да ги запознае студентите со основните концепти за анализа на континуалните системи на автоматско управување. Со успешно завршување на предметот студентите ќе бидат оспособени да ги анализираат континуалните системи на автоматско управување во временското и фреквенциското подрачје, и да иследуваат стабилност со аналитички и графо–аналитички критериуми.
11. Содржина на програмата: 1. Основни поими и дефиниции, примери, поделба и математички модели на системи. 2. Анализа на линеарните континуални системи. Математички апарати за анализа и проектирање. Преносна функција. Структурни блок-шеми и алгебра на блок-шемите. 3. Одѕив во временско и фреквенциско подрачје. Индикатори за квалитет на одѕив. 4. Карактеристики на линеарните континуални системи во временски и фреквенциски домен. 4. Најчесто употребувани управувачки алгоритми за проектирање на управувачи кај континуалните системи на автоматско управување. 5. Стабилност на континуалните системите на автоматско управување. Аналитички и графо–аналитички критериуми за проверка на стабилноста на континуалните системи на автоматско управување. 6. Геометриско место на корени. Правила за цртање и анализа. 7. Простор на состојбите. Методи за изведување на модел во просторот на состојбите. Анализа на стабилноста, управливоста и обсервабилноста, базирана на моделите во просторот на состојбите.
12.Методи на учење Комбиниран начин на учење: предавања, подржани со презентации, домашни задачи, аудиториски вежби и практични вежби во лабораторија.
13. Вкупен расположив фонд на часови 2 + 2 + 1 + 0
14. Распределба на расположивото време 180
15. Форми на наставните активности 15.1. Предавања – теоретска настава 30
15.2. Вежби, семинари, тимска работа 45
16. Други форми на активност 16.1. Проектни задачи 0
16.2. Самостојни задачи 45
16.3. Домашно учење 60
17. Начини на оценување 17.1. Тестови 20
17.2. Семинарска работа/проект 0
17.3. Активност и учење 0
17.4. Завршен испит 80
18. Критериуми за оценување до 50 бодови 5 (пет) (F)
од 51до 60 бодови 6 (шест) (E)
од 61до 70 бодови 7 (седум) (D)
од 71до 80 бодови 8 (осум) (C)
од 81до 90 бодови 9 (девет) (B)
од 91до 100 бодови 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Редовно посетување на наставата и аудиториските вежби, како и успешно и навремено изработени лабораториски вежби.
20. Начин на полагање на испитот Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 120 минути), тестови кои се спроведуваат во текот на часовите и тест од лабораториски вежби (по завршување на вежбите).
1. За студентите кои ги положиле парцијалните испити, како замена за завршниот писмен испит, може да се спроведе и завршен устен испит (времетраење до 60 минути). Во конечната оценка влагуваат поените од парцијалните испити, тестовите и завршниот устен испит (ако е спроведен).
2. Во предвидените испитни сесии се полага завршен писмен испит (времетраење 120 минути). За студентите кои го положиле завршниот писмен испит, може да се спроведе и завршен устен испит (времетраење до 60 минути). Во конечната оценка влагуваат поените од завршниот писмен испит, тестовите и завршниот устен испит (ако е спроведен).
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата интерна евалуација и анкети
23. Литература
23.1. Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Richard C. Dorf, Robert H. Bishop Modern Control Systems Prentice Hall 2010
2 Норман С. Нисе Системи на автоматско управување Датапонс, Скопје 2008
23.2. Дополнителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Е. Лазаревска Лабораториски практикум по Теорија на автоматско управување 1 ФЕИТ-Скопје 2015
2 Е. Лазаревска Збирка решени задачи по предметот Теорија на автоматско управување 1 ФЕИТ-Скопје 2015