Законска и индустриска метрологија

Последна измена: јули 11, 2023
1. Наслов на наставниот предмет Законска и индустриска метрологија
2. Код 4ФЕИТ03001
3. Студиска програма 15-ММК, 17-РЕЕКС
4. Организатор на студиската програма

(единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус студии
6. Академска година/семестар I/1   7.    Број на ЕКТС кредити 6.00
8. Наставник Д-р Марија Чундева-Блајер
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции):

Стекнати знаења за развој и примена на регулатива во областа на метрологијата на национално и меѓународно ниво, и примена и развој на метролошките постапки во индустриски апликации.

11. Содржина на програмата:

Место, улога и области на примена на законската метрологија. Терминологија на законска метрологија. Меѓународна метрологија, организација, меѓународни системи на единици и еталони. Обезбедување единство на мерењата и споредливост на мерните резултати. Регулатива во метролошка контрола. Регулатива за мерните инструменти. Мерни стандарди, калибрација и верификација на уреди. Акредитација на метролошките лаборатории/телата за оцена на сообразност. Место, улога и развој на индустриска метрологија. Метролошка и инфраструктура на квалитет. Национален метролошки систем, примарни лаборатории, секундарни лаборатории, калибрациски и тест лаборатории. Прецизни мерења на електрични и неелектрични големини во индустриски апликации. Дисеминација на вредностите единиците мерки на физичките големини. Интелигентна индустриска метрологија. Управување со квалитет во мерењата и калибрациите. Интеркомпарации и испитување на мерната способност. Софтверска поддршка за индустриска метрологија.

12. Методи на учење:

предавања, проекти, студии на случај

13. Вкупен расположив фонд на време 180
14. Распределба на расположивото време 3 + 3
15. Форми на наставните активности 15.1 Предавања – теоретска настава 45 часови
15.2 Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 45 часови
16. Други форми на активности 16.1 Проектни задачи 30 часови
16.2 Самостојни задачи 30 часови
16.3 Домашно учење 30 часови
17. Начин на оценување
17.1 Тестови 10 бодови
17.2 Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) 30 бодови
17.3. Активност и учење 10 бодови
17.4. Завршен испит 50 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/оценка) до 50 бода 5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода 6 (шест) E
од 61 до 70 бода 7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода 8 (осум)C
од 81 до 90 бода 9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит 60% успех од сите предиспитни активности
20. Начин на полагање на испитот Предадена комплетна проектна работа и усмена презентација на проектот
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Самоевалуација
23. Литература
23.1.       Задолжителна литература
Ред.

Број

Автор Наслов Издавач Година
1. D. Placko (ed.) Metrology in Industry: the key for quality ISTE 2006
2. Fluke Corporation Calibration: Philosophy in “Practice” Fluke Corporation 1994
3. R. Malarić Instrumentation and Measurement in Electrical Engineering Brown Walkner Press, Boca Raton, Florida, USA 2011
23.2.       Дополнителна литература
Ред.

Број

Автор Наслов Издавач Година
1.  OIML  OIML документи и публикации http://www.oiml.org/publications  OIML
2.  ISO  ISO документи и публикации http://www.iso.org/  ISO
3.  IEC  IEC документи и публикации http://www.iec.org/  IEC