| 1. | Наслов на наставниот предмет | Заштеда на електрична енергија во домаќинствата и стопанството | |||||||||||
| 2. | Код | 4ФЕИТ02010 | |||||||||||
| 3. | Студиска програма | 1-ОИЕ, 2-ЕМА,14-ЕСОР | |||||||||||
| 4. | Организатор на студиската програма
(единица, односно институт, катедра, оддел) |
Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||||||
| 5. | Степен (прв, втор, трет циклус) | Втор циклус студии | |||||||||||
| 6. | Академска година/семестар | I/1 | 7. | Број на ЕКТС кредити | 6.00 | ||||||||
| 8. | Наставник | Д-р Гога Цветковски | |||||||||||
| 9. | Предуслов за запишување на предметот | ||||||||||||
| 10. | Цели на предметната програма (компетенции):
Оваа предметна програма нуди знаења поврзани со имплементација на современи методи и технологии за заштеда на електрична енергија во домаќинствата и стопанството. |
||||||||||||
| 11. | Содржина на програмата:
Преглед на дел од стандардизацијата за енергетска ефикасност. Технологии за подобрување на енергетската ефикасност во домаќинствата-примена на уреди со зголемена ефикасност, инсталирање на системи за контрола и управување на електричните апарати, енергетски ефикасно осветлување, енергетски ефикасно греење и ладење, примена на обновливи извори за подобрување на енергетската ефикасност на домаќинствата (т.н. паметни куќи). Технологии за подобрување на енергетската ефикасност во стопанството – подобрување на енергетската ефикасност на енергетските трансформатори, подобрување на енергетската ефикасност на електричните мотори (примена на методологии за оптимално проектирање, примена на нови материјали и примена на технологии за зголемување на енергетската ефикасност). Подобрување на енергетската ефикасност со примена на енергетски преобразувачи и современи методологии за управување и регулација на електричните мотори, современи методологии и технологии за компензација на реактивната енергија и намалување на влијанието на вишите хармоници, примена на современи системи за индустриско загревање, ладење и вентилација. |
||||||||||||
| 12. | Методи на учење:
Предавања поддржани со презентации преку слајдови, интерактивни предавања, вежби (користење на опрема и софтверски пакети), тимска работа, студија на случај, поканети гости предавачи, самостојна изработка и одбрана на проектна задача и семинарска работа, учење во електронско опкружување (форуми, консултации). |
||||||||||||
| 13. | Вкупен расположив фонд на време | 180 | |||||||||||
| 14. | Распределба на расположивото време | 3 + 3 | |||||||||||
| 15. | Форми на наставните активности | 15.1 | Предавања – теоретска настава | 45 часови | |||||||||
| 15.2 | Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа | 45 часови | |||||||||||
| 16. | Други форми на активности | 16.1 | Проектни задачи | 30 часови | |||||||||
| 16.2 | Самостојни задачи | 30 часови | |||||||||||
| 16.3 | Домашно учење | 30 часови | |||||||||||
| 17. | Начин на оценување | ||||||||||||
| 17.1 | Тестови | 0 бодови | |||||||||||
| 17.2 | Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) | 50 бодови | |||||||||||
| 17.3. | Активност и учење | 0 бодови | |||||||||||
| 17.4. | Завршен испит | 50 бодови | |||||||||||
| 18. | Критериуми за оценување (бодови/оценка) | до 50 бода | 5 (пет) (F) | ||||||||||
| од 51 до 60 бода | 6 (шест) (E) | ||||||||||||
| од 61 до 70 бода | 7 (седум) (D) | ||||||||||||
| од 71 до 80 бода | 8 (осум) (C) | ||||||||||||
| од 81 до 90 бода | 9 (девет) (B) | ||||||||||||
| од 91 до 100 бода | 10 (десет) (A) | ||||||||||||
| 19. | Услов за потпис и полагање на завршен испит | Редовна посета на настава и консултации и релизација на сите пропишани активности во рамките на предметот. | |||||||||||
| 20. | Начин на полагање на испитот | Писмен испит и презентација на проектната задача. | |||||||||||
| 21. | Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||||||
| 22. | Метод на следење на квалитетот на наставата | Самоевалуација | |||||||||||
| 23. | Литература | ||||||||||||
| 23.1. | Задолжителна литература | ||||||||||||
| Ред.
број |
Автор | Наслов | Издавач | Година | |||||||||
| 1. | A. Sumper, A. Baggini, | Electrical Energy Efficiency Technologies and Applications | John Willey and Sons | 2012 | |||||||||
| 23.2. | Дополнителна литература | ||||||||||||
| Ред.
број |
Автор | Наслов | Издавач | Година | |||||||||
| 1. | H. E. Jordan | Energy-Efficient Electric Motors and Their Applications | Plenum Press | 2004 | |||||||||

