Безжични комуникации

Објавено: октомври 12, 2018

1.    Наслов на наставниот предмет

Безжични комуникации

2.    Код

3ФЕИТ10Л006

3.    Студиска програма

ТКИИ

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

III/6

7.    Број на ЕКТС

6.00

8.    Наставник

Д-р Венцеслав Кафеџиски

9.    Предуслов за запишување на предметот

Ислушани: Безжични канали, Дигитални телекомуникации 1

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Студентот ќе се стекне со фундаментални познавања на фединг канали, модулација и кодирање при рамен фединг, сигнали со проширен опсег и OFDM, интелигентни антени и MIMO системи и ќе се оспособи за разбирање на принципите на функционирањето на било кој постоен или иден безжичен телекомуникациски систем.

11.    Содржина на програмата: Поделба на large-scale и small-scale фединг. Слабеење од простирање во слободен простор. Емпириски модели. Засенување. Статистичка карактеризација на временски променливи канали. Рејлиев и Рајсов фединг. Детекција во услови на бавен, рамен фединг. Веројатност на испад. Типови на диверзитет и техники на комбинирање. Заштитно кодирање кај фединг канали: интерливинг и веројатност на грешка. Адаптивен пренос кај фединг канали: адаптивна предавателна моќност, адаптивна модулација, адаптивно кодирање. Клеточни системи. Сигнали со експандиран спектар со директна секвенца и фреквенциско скокање. Повеќекориснички системи со експандиран опсег. Модулација со повеќе носители. OFDM. Алокација на бити и естимација на канал. OFDMA и SC-FDMA. Антенски полиња и интелигентни антени. Типови на антенски полиња. МИМО системи – модел на канал и капацитет. Просторно временско кодирање и просторно мултиплексирање. Повеќекориснички МИМО и масивни МИМО.

12.    Методи на учење: Преку предавања, аудиториски вежби, лабораториски вежби, домашно учење, проектни задачи, самостојни задачи, посета на компании и предавања од експерти од стопанството.

13.    Вкупен расположив фонд на часови

3 + 1 + 1 + 0

14.    Распределба на расположивото време

180

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

45

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

30

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

10

16.2. Самостојни задачи

10

16.3. Домашно учење

85

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

10

17.2. Семинарска работа/проект

10

17.3. Активност и учење

10

17.4. Завршен испит

70

18.    Критериуми за оценување

до 50 бодови

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бодови

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бодови

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

Редовно посетување на наставата, аудиториските и лабораториските вежби.

20.  Начин на полагање на испитот

Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 120 минути), тестови кои се спроведуваат во текот на часовите и тест од лабораториски вежби. За студентите кои ги положиле парцијалните испити и тестот од лабораториски вежби, може да се спроведе завршен устен испит (времетраење 60 минути). Во конечната оценка влегуваат поените од парцијалните испити, тестовите и завршниот устен испит.
Во предвидените испитни сесии се полага писмен испит (времетраење 120 минути). За студентите кои го положиле писмениот испит и тестот од лабораториски вежби, може да се спроведе завршен устен испит (времетраење 60 минути). Во конечната оценка влегуваат поените од писмениот испит, тестовите и завршниот устен испит.
Студентот треба да изработи семинарска работа и истата да ја предаде најдоцна до терминот за испит.
За време на испитот не е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, како и мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред, освен калкулатор

21.  Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

22.  Метод на следење на квалитетот на наставата

Интерна евалуација и анкети.

23.  Литература

23.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Венцеслав Кафеџиски Безжични комуникации Интерна скрипта ФЕИТ 2016

23.2. Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Андреа Голдсмит Безжични комуникации Кембриџ Универзити Прес 2005

2

Андреас Ф. Молиш Безжични комуникации, 2 издание Вајли 2010