Дигитални телекомуникации 1

Објавено: октомври 12, 2018

1.    Наслов на наставниот предмет

Дигитални телекомуникации 1

2.    Код

3ФЕИТ10З011

3.    Студиска програма

КХИЕ, ТКИИ

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

III/5, IV/7

7.    Број на ЕКТС

6.00

8.    Наставник

Д-р Венцеслав Кафеџиски

9.    Предуслов за запишување на предметот

10.  Цели на предметната програма (компетенции): Студентот ќе се стекне со фундаментални знаења од областа на дигиталните телекомуникации, и тоа на различни техники на претворање на аналогни сигнали во дигитални сигнали, различни типови на дигитални модулации, функционирање на оптимален приемник и оптимален детектор на дигитални сигнали и веројатност на грешка при детекција, и пренос на дигиталните сигнали низ системи со ограничен опсег заедно со техниките на еквализација. Добиените знаења претставуваат основа за разбирање на современите дигитални системи за пренос на сигналите, како и основа за следење на повеќе други наставни предмети со поспецифична проблематика.

11.  Содржина на програмата: Теорема на земање на примероци. Импулсно кодна модулација. Униформна квантизација. Оптимална скаларна квантизација. Неуниформна квантизација. Векторска квантизација. Диференцијална импулсно кодна модулација. Делта модулација. Линеарно предиктивно кодирање и примена кај кодирање на говор. JPEG кодирање на слика. Претстава на дигитални сигнали во сигнален простор: eднодимензионални, дводимензионални и повеќедимензионални сигнали. Оптимален приемник за дигитално модулирани сигнали во присуство на бел гаусов шум. Оптимален детектор. Веројатност на грешка за детекција во присуство на бел гаусов шум: PAM, QAM, PSK, ортогонални сигнали. Сигнали со експандиран спектар. Пренос на дигитални сигнали низ канали со ограничен опсег. Дизајн на сигнали за канали со ограничен опсег. Еквализација. Линеарни еквализатори. OFDM.

12.    Методи на учење: Преку предавања, аудиториски вежби, лабораториски вежби, домашно учење, домашни задачи

13.    Вкупен расположив фонд на часови

3 + 1 + 1 + 0

14.    Распределба на расположивото време

180

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

45

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

30

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

0

16.2. Самостојни задачи

10

16.3. Домашно учење

95

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

15

17.2. Семинарска работа/проект

0

17.3. Активност и учење

5

17.4. Завршен испит

80

18.    Критериуми за оценување

до 50 бодови

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бодови

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бодови

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

Редовно посетување на наставата, аудиториските и лабораториските вежби.

20.  Начин на полагање на испитот

Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 120 минути), тестови кои се спроведуваат во текот на часовите и тест од лабораториски вежби. За студентите кои ги положиле парцијалните испити и тестот од лабораториски вежби, може да се спроведе завршен устен испит (времетраење 60 минути). Во конечната оценка влегуваат поените од парцијалните испити, тестовите и завршниот устен испит.
Во предвидените испитни сесии се полага писмен испит (времетраење 120 минути). За студентите кои го положиле писмениот испит и тестот од лабораториски вежби, може да се спроведе завршен устен испит (времетраење 60 минути). Во конечната оценка влегуваат поените од писмениот испит, тестовите и завршниот устен испит.
Студентот треба да изработи семинарска работа и истата да ја предаде најдоцна до терминот за испит.
За време на испитот не е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, како и мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред, освен калкулатор

21.  Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

22.  Метод на следење на квалитетот на наставата

Интерна евалуација и анкети.

23.    Литература

23.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Венцеслав Кафеџиски Дигитални телекомуникации 1 Интерна скрипта ФЕИТ 2016

23.2. Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Џон Г. Проакис и Масуд Салехи Инженерство на телекомуникациски системи, 2 издание Прентис Хол 2002

2

Џон Г. Проакис и Масуд Салехи Дигитални телекомуникации, 5 издание МекГро Хил 2008