Електромагнетна компатибилност

Објавено: октомври 12, 2018

1.    Наслов на наставниот предмет

Електромагнетна компатибилност

2.    Код

3ФЕИТ05З016

3.    Студиска програма

КХИЕ

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

IV/7

7.    Број на ЕКТС

6.00

8.    Наставник

9.    Предуслов за запишување на предметот

Положени: Математика 1

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Запознавање со основните поими за електромагнетна компатибилност, теоријата за електромагнетното поле, бранови и простирање, видови на електромагнетни влијанија на уредите и околината, запознавање со методите за моделирање симулација и пресметки, запознавање со стандардите за ЕМК,  Оспособеност за дефинирање на основните проблеми сврзани за електромагнетната компатибилност, знаење и разбирање за начините за моделирање, и користење на методи за пресметки, анализирање на добиените резултати и носење соодветни заклучоци.

11.    Содржина на програмата: Вовед и основни поими за електромагнетна компатибилност (ЕМК). Природни и вештачки извори на електромагнетна интерференција (ЕМИ). Преглед на теоријата за електромагнетното поле, бранови и простирање. Карактеристики на компонентите на електричните кола уреди и прекинувачи. ЕМИ од уреди кола, и методи за пресметување. Преслушување. Иззрачена и кондукциона интерференција мерење и заштита. Оклопување и заземјување. Електростатички празнења. Филтри за ЕМИ. Моделирање и симулација. Процедури за тестирање на ЕМК. Влијание на ЕМП врз околината. Електромагнетна околина. Методи за моделирање на ЕМП во нехомоген простор. Начини за намалување на штетното влијание од ЕМ зрачење во работна и животна средина. Стандарди за ЕМК и регулатива во светот и кај нас.

12.    Методи на учење: Активно учество во наставата и вежбите, изработка на домашни и лабораториски задачи и семинарски работи.

13.    Вкупен расположив фонд на часови

3 + 1 + 1 + 0

14.    Распределба на расположивото време

180

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

45

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

30

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

30

16.2. Самостојни задачи

20

16.3. Домашно учење

55

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

0

17.2. Семинарска работа/проект

20

17.3. Активност и учење

30

17.4. Завршен испит

50

18.    Критериуми за оценување

до 49 бодови

5 (пет) (F)

од 50 до 60 бодови

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бодови

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

Изработка на лабораториските вежби

20.  Начин на полагање на испитот

Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 120 минути). Студентот може да учествува во изработка на опционална проектна задача која треба да се предаде најдоцна до завршувањето на семестарот.
Во конечната оценка влегуваат поените од парцијалните испити, изработка на лабораториските вежби и проектната задача.
Во предвидените испитни сесии се полага писмен испит (времетраење 120 минути). Во конечната оценка влегуваат поените од писмениот испит, изработка на лабораториските вежби и проектната задача.
За време на испитот не е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, како и калкулатор, мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред

21.  Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

22.  Метод на следење на квалитетот на наставата

Самоевалуација и анкети

23.    Литература

23.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

M. N. O. Sadiku Elements of Electromagnetics Saunders College Publishing 1994

2

C.R.. Paul Electromagnetic Compatibility J.Wiley &Sons, Inc., Hoboken, New Jersey 2006

3

D.P.Sengupta,V.V.Liepa Applied Electromagnetics and Electromagnetic Compatibility J.Wiley &Sons, Inc., Hoboken, New Jersey 2006

23.2. Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

D .O. Carpenter (Editor), S.Yrapetyan (Editor) Biological Effects of Electric and Magnetic Fields: Beneficial and Harmful Effects 1994