1. Наслов на наставниот предмет |
Практикум по проектирање електронски кола | |||||||
2. Код |
3ФЕИТ05Л030 | |||||||
3. Студиска програма |
КХИЕ | |||||||
4. Организатор на студиската програма |
Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен |
Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година/семестар |
IV/8 |
7. Број на ЕКТС |
3.00 | |||||
8. Наставник |
Д-р Јосиф Ќосев | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот |
||||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции): Разбирање на техничките спецификации. Избор на компоненти. Погодност за тестирање и дебагирање. Електромагнетна компатибилност. Употреба на CAD алати за симулација и проектирање плочка. Генерирање документација за производство. Составување плочка и тестирање. |
||||||||
11. Содржина на програмата: Од идеја до реализација. Анализа на спецификациите. Избор на физички компоненти. Пребарување по Интернет и локални добавувачи. Поставување на работна околина во CAD. Дефинирање библиотеки. Внесување ел. шема. Врска меѓу библиотеките на шемата и физичките компоненти. Проверка на шемата. Симулација. Вовед во производство на печатени плочки. Поставување на компонентите на плочката. Автоматско и рачно поврзување (рутирање). Прашања од EMC. Подготовка на податоци за производител. Поставување на комонентите и лемење. Конечно тестирање. |
||||||||
12. Методи на учење: Презентации со примери, лабораториски вежби, проекти |
||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови |
0 + 0 + 3 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време |
90 | |||||||
15. Форми на наставните активности |
15.1. Предавања – теоретска настава |
0 |
||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа |
45 |
|||||||
16. Други форми на активност |
16.1. Проектни задачи |
15 |
||||||
16.2. Самостојни задачи |
15 |
|||||||
16.3. Домашно учење |
15 |
|||||||
17. Начини на оценување |
17.1. Тестови |
20 |
||||||
17.2. Семинарска работа/проект |
40 |
|||||||
17.3. Активност и учење |
10 |
|||||||
17.4. Завршен испит |
30 |
|||||||
18. Критериуми за оценување |
до 50 бодови |
5 (пет) (F) |
||||||
од 51 до 60 бодови |
6 (шест) (E) |
|||||||
од 61 до 70 бодови |
7 (седум) (D) |
|||||||
од 71 до 80 бодови |
8 (осум) (C) |
|||||||
од 81 до 90 бодови |
9 (девет) (B) |
|||||||
од 91 до 100 бодови |
10 (десет) (A) |
|||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит |
Изработени лабораториски вежби/ проектна задача | |||||||
20. Начин на полагање на испитот |
Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 120 минути). Ако студентот не ги положи парцијалните испити може во предвидените испитни сесии да полага писмен испит (времетраење 120 минути). За време на наставата се бодува активноста на студентот. Студентот треба да изработи проектна задача и истата да ја предаде најдоцна до крајот на сесијата која следи по крајот на семестарот. Во конечната оценка влeгуваат поените од парцијалните испити или испитот, активноста и проектната задача. За време на испитот не е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, како и калкулатор, мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред |
|||||||
21. Jазик на кој се изведува наставата |
Македонски и Англиски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата |
Интерна евалуација и анкети | |||||||
23. Литература |
||||||||
23.1. Задолжителна литература |
||||||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
||||
1 |
Daniel Schöni | Schaltungs- und Leiterplattendesign im Detail | ISBN 978-3-7392-1871-7 | 2016 |