1. Наслов на наставниот предмет |
Процесирање на сигнали во телекомуникации и радари | |||||||
2. Код |
3ФЕИТ10З028 | |||||||
3. Студиска програма |
ТКИИ | |||||||
4. Организатор на студиската програма |
Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен |
Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година/семестар |
IV/7 |
7. Број на ЕКТС |
6.00 | |||||
8. Наставник |
Д-р Венцеслав Кафеџиски | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот |
||||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции): Студентот ќе се стекне со теоретски и практични знаења за примена на техниките и алгоритмите на временско и просторно процесирање на сигналите кај модерните дигитални телекомуникациски системи и радар, и ќе биде способен софтверски да имплементира дигитален приемник, антенско поле, поле од сензори и радар. |
||||||||
11. Содржина на програмата: А/Д конверзија и Д/А конверзија. Примена на дигитални филтри во телекомуникациите. Multirate процесирање на сигнали: децимација и интерполација. Методи за синхронизација на носител и на симболски интервал. Дигитална down-конверзија. Софтверска имплементација на дигитален предавател и приемник. Принципи на софтверско дефинирано радио (SDR). Компоненти на софтверско радио. RTL-SDR, USRP, други SDR платформи. Процесирање на сигналите со антенски полиња. Типови на бимформинг. Естимација на агол на доаѓање. Процесирање на сигнали со полиња од сензори и примена во акустика, сонар и друго. Основни приниципи на радар. Импулсни радари и радари со континуални бранови облици. Радарска детекција во присуство на шум. Принцип на SAR (Synthetic Aperture Radar). Добивање на слика со SAR. Примена на радари за одредување растојание и брзина, и далечинско распознавање (remote sensing) во земјоделие, хидрологија, геологија. Компримирано земање на примероци и процесирање на сигналите базирано на реткост. |
||||||||
12. Методи на учење: Преку предавања, аудиториски вежби, лабораториски вежби, домашно учење, проектни задачи, посета на компании и предавања од експерти од стопанството. |
||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови |
3 + 1 + 1 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време |
180 | |||||||
15. Форми на наставните активности |
15.1. Предавања – теоретска настава |
45 |
||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа |
30 |
|||||||
16. Други форми на активност |
16.1. Проектни задачи |
35 |
||||||
16.2. Самостојни задачи |
0 |
|||||||
16.3. Домашно учење |
70 |
|||||||
17. Начини на оценување |
17.1. Тестови |
0 |
||||||
17.2. Семинарска работа/проект |
35 |
|||||||
17.3. Активност и учење |
0 |
|||||||
17.4. Завршен испит |
65 |
|||||||
18. Критериуми за оценување |
до 50 бодови |
5 (пет) (F) |
||||||
од 51 до 60 бодови |
6 (шест) (E) |
|||||||
од 61 до 70 бодови |
7 (седум) (D) |
|||||||
од 71 до 80 бодови |
8 (осум) (C) |
|||||||
од 81 до 90 бодови |
9 (девет) (B) |
|||||||
од 91 до 100 бодови |
10 (десет) (A) |
|||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит |
Редовно посетување на наставата, аудиториските и лабораториските вежби. | |||||||
20. Начин на полагање на испитот |
Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 120 минути), тестови кои се спроведуваат во текот на часовите и тест од лабораториски вежби. За студентите кои ги положиле парцијалните испити и тестот од лабораториски вежби, може да се спроведе завршен устен испит (времетраење 60 минути). Во конечната оценка влегуваат поените од парцијалните испити, тестовите и завршниот устен испит. Во предвидените испитни сесии се полага писмен испит (времетраење 120 минути). За студентите кои го положиле писмениот испит и тестот од лабораториски вежби, може да се спроведе завршен устен испит (времетраење 60 минути). Во конечната оценка влегуваат поените од писмениот испит, тестовите и завршниот устен испит. Студентот треба да изработи проектна задача и истата да ја предаде најдоцна до терминот за испит. За време на испитот не е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, како и мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред, освен калкулатор |
|||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата |
Македонски и Англиски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата |
Интерна евалуација и анкети | |||||||
23. Литература |
||||||||
23.1. Задолжителна литература |
||||||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
||||
1 |
Венцеслав Кафеџиски | Процесирање на сигнали во телекомуникации и радари | Интерна скрипта ФЕИТ | 2016 | ||||
23.2. Дополнителна литература |
||||||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
||||
1 |
Ц. Ричард Џонсон Џр, Вилиам А. Седарес и Ендрју Г. Клајн | Дизајн на софтверски приемник | Кембриџ Универзити Прес | 2011 | ||||
2 |
Јуџин Грајвер | Имплементација на софтверски дефинирано радио | Спрингер | 2012 | ||||
3 |
Сајмон Хејкин, К. Џ. Реј Лиу | Прирачник за процесирање со полиња и сензорски мрежи, 1 издание | Вајли – ИЕЕЕ Прес | 2010 |