Телесообраќаен инженеринг

Објавено: октомври 12, 2018

1.    Наслов на наставниот предмет

Телесообраќаен инженеринг

2.    Код

3ФЕИТ10Л039

3.    Студиска програма

ТКИИ

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

III/6

7.    Број на ЕКТС

6.00

8.    Наставник

Д-р Владимир Атанасовски

9.    Предуслов за запишување на предметот

Ислушани: Примена на оперативни системи во телекомуникациите

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Запознавање со концептите на телесообраќајниот инженеринг и принципите на димензионирање на ИКТ системи. Проучување на сите релевантни математички формули во телесообраќајната теорија. Анализа на реални ИКТ системи, нивно димензионирање и тековно одржување.

11.    Содржина на програмата: Вовед. Основни поими за сообраќај. Модели и карактеристики на ИКТ системи. Процес на раѓање и умирање. Маркови вериги. Статистички карактеристики на сообраќај. Сообраќајни дескриптори. QoS механизми. Системи со загуби. Системи со доцнење. Сообраќајни аспекти во проектирање на ИКТ системи. Редови на чекање. Примена на теорија на редови на чекање. Интернет сообраќај и негово моделирање. Мерења на сообраќај.

12.    Методи на учење: Предавања, аудиториски и лабораториски вежби, самостојна работа на проектни задачи и изработка на семинарски работи

13.    Вкупен расположив фонд на часови

3 + 1 + 1 + 0

14.    Распределба на расположивото време

180

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

45

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

30

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

30

16.2. Самостојни задачи

30

16.3. Домашно учење

45

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

20

17.2. Семинарска работа/проект

20

17.3. Активност и учење

10

17.4. Завршен испит

50

18.    Критериуми за оценување

до 50 бодови

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бодови

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бодови

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

Редовно посетување на наставата и аудиториските вежби и комплетно изработени лабораториски вежби

20.    Начин на полагање на испитот

Два парцијални испити во текот на семестарот (на половина и на крај од семестарот) во времетраење од по 120 минути или еден писмен испит во соодветна испитна сесија во времетраење од 120 минути. За време на испитот не е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, дозволен е само калкулатор

21.    Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

22.    Метод на следење на квалитетот на наставата

Интерна евалуација и анкети

23.    Литература

23.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

V. B. Iversen Teletraffic Engineering and Network Planning ITU Handbook 2015

2

G. Giambene Queing Theory and Telecommunications: Networks and Applications Springer 2013

3

L. Kleinrock Queuing Systems, Vol. 1 and 2 Wiley 1975