
Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје прослави 65 години од своето основање. На свечена академија, организирана под мотото „65 години наставна и научна извонредност“ беше претставен академскиот стремеж за постојан напредок, развој на науката, поддршка на иновативноста, трансферот на технологии, соработката со стопанството и гордоста дека Факултетот...