Две студентки од ФЕИТ меѓу најдобро дипломираните студенти на УКИМ за учебната 2022/2023 година

Објавено: мај 20, 2024

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ги награди Ангела Мешкова и Матеа Ташковска од ФЕИТ, како дел од најдобро дипломираните студенти на универзитетот за учебната 2022/2023 година. Двете студентки постигнаа просечен успех од 10.00 на студиите на ФЕИТ и беа наградени со пофалница и златник со ликот на Светите Кирил и Методиј. Им честитаме...

Пријавување испити – Втор циклус студии

Објавено: мај 17, 2024

Пријавување испити на Втор циклус студии за јунската испитна сесија ќе се врши електронски, со користење на I Know системот, во периодот  од 20.05  до 4.06.2024 година, следејќи го Корисничкото упатство за студенти, дел 2.5. За сите пријавени испити, студентите задолжително треба да достават пополнети хартиени пријави  на самиот испит. Во пријавата  се внесуваат податоците за студентот, називот на предметот, предметниот наставник, студиската програма и...

Пријавување испити – прв циклус студии

Објавено: мај 17, 2024

Пријавување испити на прв циклус студии во јунска испитна сесија  2024 ќе се врши електронски, преку системот iKnow, во периодот од 20.5. до 4.6.2024 година, следејќи го Корисничкото упатство за студенти, точка 2.5. Студентите што ќе извршат уредно електронско пријавување на испитот во iKnow системот, задолжително треба да достават и комплетно пополнета хартиена пријава. Во...

ФЕИТ е учесник во новиот меѓународен проект „Унапредување на користењето на радијациони технологии за подобрена ефикасност на ресурсите“

Објавено: мај 16, 2024

ФЕИТ е учесник во новиот меѓународен проект „Унапредување на користењето на радијациони технологии за подобрена ефикасност на ресурсите“, финансиран од Меѓународната агенција за атомска енергија.  На првиот координативен состанок што се одржа во Институт за нуклеарна хемија и технологија во Варшава учествуваше националниот координатор проф. д-р Христина Спасевска, заедно со научници и експерти од Албанија,...

“Технологија за тебе“: Матурантите на ФЕИТ се натпреваруваа во примена на микропроцесорски системи

Последна измена: мај 20, 2024

Средношколци од десет средни училишта за техничко образование од Македонија, вчера на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) се натпреваруваа во практична примена на знаењата преку употреба на развојни микропроцесорски системи. Натпреварот е во рамките на проектот „Технологија за тебе“ организиран од ФЕИТ-ФАБЛАБ, Институтот за Електроника и Логинг Електроникс, кој вклучува и работилници, каде...

Нова книга од проф. д-р Тони Јаневски – „Future Fixed and Mobile Broadband Internet, Clouds and IoT/AI“ од светски реномираниот издавач Wiley – IEEE Press

Објавено: мај 13, 2024

Проф. д-р Тони Јаневски од Институтот за телекомуникации при Факултетот за електротехника и информациски технологии, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, објави нова книга со наслов „Future Fixed and Mobile Broadband Internet, Clouds and IoT/AI“ од светски реномираниот издавач Wiley – IEEE Press, која се појави на глобално ниво во април 2024 година. Книгата...

Годишна конференција на докторски студии од техничко-технолошки науки

Објавено: мај 10, 2024

Годишна конференција на докторски студии од техничко-технолошки науки Школа за докторски студии на УКИМ 14-15 мaj, 2024 Амфитеатар на ТМФ/ФИНКИ Постер за годишната конференција на докторските студии од техничко - технолошките науки Програма на годишната конференција на докторските студии од техничко - технолошките науки...

Sicence@FEIT – Прв меѓународен конгрес на студенти од техничките факултети

Објавено: мај 10, 2024

На 9. мај 2024 година започна Првиот меѓународен конгрес за студенти од техничките факултети Sicence@FEIT организиран од Факултетското студентско собрание на ФЕИТ. Во текот на три дена, учесниците на конгресот ќе имаат можност да проследат низа предавања на актуелни теми од сите области на електротехниката и информациските технологии, вклучувајќи и теми поврзани со длабоко учење,...