1. Наслов на наставниот предмет | Дигитален CMOS дизајн | |||||||
2. Код | 4ФЕИТ05Л008 | |||||||
3. Студиска програма | КХИЕ | |||||||
4. Организатор на студиската програма | Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен | Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година / семестар | III/6 | 7. Број на ЕКТС | 6 | |||||
8. Наставник | Д-р Катерина Ралева | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот | Положен: Електроника 2 | |||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции). Запознавање со принципите на дизајнирање на дигитални кола и системи во CMOS технологија и ограничувањата кои произлегуваат од технолошкиот дизајн. По завршување на курсот, студентот ќе биде оспособен за анализа и дизајн на дигитални логички кола и дигитални системи во CMOS технологија: – Ги разбира основните принципи на дигиталниот CMOS дизајн. – Знае да анализира дигитални порти на ниво на преносна карактеристика, маргини на шум, пропагационо доцнење, дисипација на моќност. – Знае да димензионира транзистори во основни и комплексни логички порти од аспект на доцнење. -Знае да оптимизира логичка патека од логички порти од аспект на доцнење. – Ги разбира принципите на дизајнирање на секвенцијални кола. -Способност да дизајнира покомплексни дигитални блокови (регистри, собирачи, компаратори, едноставна структура на ALU). -Разбира како работат основните мемориски ќелии. |
||||||||
11. Содржина на програмата: Вовед во CMOS VLSI дизајн. Теорија на MOS транзистор. Статички и динамички карактеристики на инвертор во NMOS технологија. Статички и динамички карактеристики на CMOS инвертор. Комерцијални CMOS логички кола. BiCMOS логички кола. Моностабилни и астабилни мултивибратори со CMOS логички порти. Основни параметри на логичките порти. Димензионирање на CMOS инвертор. Определување на пропагационото доцнење и динамичката дисипација кај CMOS инвертор. Статички CMOS дизајн (CMOS комплементарна логика, PTL логика, псевдо-NMOS логика, DCVSL логика). Динамички CMOS дизајн (динамички CMOS инвертор, каскадирање, домино логика). Дизајнирање на секвенцијални логички кола (статички и динамички CMOS дизајн на лечеви и флипфлопови).Репрограмабилни мемории (ROM, PROM, EPROM, EEPROM, FLASH), мемории со произволен пристап (SRAM, DRAM, SSRAM, SDRAM, DDR, RDRAM). Читање и запишување во SRAM и DRAM мемориска ќелија. | ||||||||
12.Методи на учење Комбиниран начин на учење: предавања, аудиториски и лабораториски вежби, подржани со презентации и визуелизација на концептите, активно учество на студентите преку тестови и задачи за решавање на час. | ||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови | 3 + 1 + 1 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време | 180 | |||||||
15. Форми на наставните активности | 15.1. Предавања – теоретска настава | 45 | ||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа | 30 | |||||||
16. Други форми на активност | 16.1. Проектни задачи | 0 | ||||||
16.2. Самостојни задачи | 15 | |||||||
16.3. Домашно учење | 90 | |||||||
17. Начини на оценување | 17.1. Тестови | 10 | ||||||
17.2. Семинарска работа/проект | 0 | |||||||
17.3. Активност и учење | 30 | |||||||
17.4. Завршен испит | 60 | |||||||
18. Критериуми за оценување | до 50 бодови | 5 (пет) (F) | ||||||
од 51до 60 бодови | 6 (шест) (E) | |||||||
од 61до 70 бодови | 7 (седум) (D) | |||||||
од 71до 80 бодови | 8 (осум) (C) | |||||||
од 81до 90 бодови | 9 (девет) (B) | |||||||
од 91до 100 бодови | 10 (десет) (A) | |||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит | Следење на предавањата и аудиториските вежби и успешно изведени лабораториски вежби. | |||||||
20. Начин на полагање на испитот | Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 150 минути) и тест од лабораториски вежби (по завршување на вежбите). За студентите кои ги положиле парцијалните испити и тестот од лабораториски вежби, може да се спроведе завршен устен испит (времетраење 60 минути).Во конечната оценка влегуваат поените од парцијалните испити, поените од домашните и поените од лабораториските вежби, како и поените од завршниот устен испит. Во предвидените испитни сесии се полага писмен испит (времетраење 180 минути). За студентите кои го положиле писмениот испит и тестот од лабораториски вежби, може да се спроведе завршен устен испит (времетраење 60 минути). Во конечната оценка влегуваат поените од писмениот испит, поените од домашните и поените од лабораториските вежби, како и поените од завршниот устен испит. За време на испитот е дозволено користење калкулатор, но, не е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, како и мобилен телефон, таблет или кој било друг електронsски уред |
|||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата | Интерна евалуација и анкети. | |||||||
23. Литература | ||||||||
23.1. Задолжителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | Adel C. Sedra and Kenneth C. Smith | Microlelectronics Circuits 7th Edition | Oxford University Press | 2015 | ||||
23.2. Дополнителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | Neil H.E. Weste and David Harris | CMOS VLSI Design: a circuits and systems perspective | Addison Wesley | 2005 | ||||
2 | J. M. Rabaey, A. Chandrakasan and B. Nikolic | Digital Integrated Circuits (2nd edition) | Prentice Hall | 2003 |