На секој студент на ФЕИТ му се доделени електронска адреса на студентскиот сервер за електронска пошта, корисничка сметка на порталот за електронско учење и кориснички профил за Microsoft 365. Подолу е објаснето каде се најавувате, како ја поставувате лозинката и на што служи секој од сервисите.
Каде се најавувате
Насекаде се најавувате со вашата факултетска адреса. Поштата и е-курсеви делат иста лозинка, а Microsoft 365 има своја одделна.
Електронска пошта
Лозинка: матичниот број · 1 GB меморија.
Целата пошта пристигнува овде. Целокупната комуникација со наставниците, асистентите и службите на ФЕИТ се одвива преку факултетската адреса.
Портал за електронско учење
Најава со истата лозинка како за smail.
Тука се материјалите за учење и тука се полагаат испитите.
Microsoft 365
Лозинката ја поставувате сами. Тука не пристигнува пошта. Секој редовен студент со запишан семестар добива лиценца Microsoft 365 A3.
Овој профил се користи и за најава на порталот за молби https://molbi.feit.ukim.edu.mk/, каде што поднесувате барања и молби до службите на ФЕИТ.
Која е мојата адреса?
Електронските адреси се во форма <studiska_programa><broj_indeks>@feit.ukim.edu.mk, каде што бројот на индексот е без косата црта. На пример, студент запишан на Телекомуникации и информациско инженерство со број на индекс 365/2026 би имал адреса tkii3652026@feit.ukim.edu.mk.
Електронска пошта и портал за електронско учење
Со нив работите од првиот ден.
Целата пошта пристигнува на smail. Пораките од наставниците, асистентите и службите на ФЕИТ ќе ги добивате на smail.feit.ukim.edu.mk. Во сандачето на Microsoft 365 нема да пристигнува пошта, затоа редовно проверувајте го smail.
Иницијална лозинка
Иницијалната лозинка е поставена да биде матичниот број на студентот. Може да ја промените преку веб-интерфејсот на smail.feit.ukim.edu.mk.
Иста лозинка за поштата и за е-курсеви
Електронската пошта и е-курсеви користат иста лозинка. Кога ќе ја смените лозинката на smail, автоматски се менува и лозинката за најава на е-курсеви.
Затоа, ако сакате да ја смените лозинката за е-курсеви, тоа се прави само преку smail. На самиот портал за е-курсеви лозинката не се менува.
Меморија
Количината на доделената меморија на секој корисник изнесува 1 GB (еден гигабајт). Тоа е просторот за сите пораки заедно со прилозите, затоа повремено бришете ги поголемите прилози за да не се наполни сандачето.
Комуникација со ФЕИТ
Најавувањето на порталот за електронско учење e-kursevi.feit.ukim.edu.mk, како и целокупната комуникација на студентот со наставниците, асистентите и службите на ФЕИТ, ќе се одвива преку факултетската електронска адреса на студентот.
На е-курсеви можете да се најавите и со профилот за Microsoft 365, но засега препорачуваме најава со лозинката за smail.
Кориснички профил за Microsoft 365
Дополнително, за секој студент е креиран и кориснички профил за Microsoft 365 на ФЕИТ. Корисничкото име е истата адреса. Со овој профил ги користите сервисите на Microsoft, а се користи и за најава на порталот за молби molbi.feit.ukim.edu.mk. Секој редовен студент со запишан семестар добива лиценца Microsoft 365 A3.
Внимание: лозинката за Microsoft 365 е одделна од лозинката за smail и не е матичниот број. Мора да ја поставите сами преку чекорите подолу.
Во сандачето на Microsoft 365 не пристигнува пошта. Поштата продолжува да пристигнува на smail.
- Отворете aka.ms/sspr или passwordreset.microsoftonline.com
- Внесете ја вашата адреса @feit.ukim.edu.mk и препишете ги знаците од сликата
- Изберете потврда преку е-пошта или преку СМС
- Кодот пристигнува на вашата лична е-адреса или на вашиот мобилен телефон, тие што ги дадовте при уписот во iknow
- Внесете го кодот и поставете нова лозинка
Дополнителна потврда при најава
При првата најава на Microsoft 365 ќе биде побарано да ја потврдите вашата најава. Доволен е еден од двата начина.
Microsoft Authenticator
Апликација за мобилен телефон (Android или iPhone). Работи и кога немате сигнал или кредит.
Број на мобилен телефон
Код добиен преку СМС на бројот што го дадовте при уписот во iknow .
Кратенки на студиските програми
Прв циклус.
| Кратенка | Студиска програма |
|---|---|
| ksiar | Компјутерско системско инженерство, автоматика и роботика |
| eaoie | Електроенергетика, автоматизација и обновливи извори на енергија |
| kti | Компјутерски технологии и инженерство |
| khie | Компјутерско хардверско инженерство и електроника |
| eepm | Електроенергетика и проектен менаџмент |
| tkii | Телекомуникации и информациско инженерство |
| ees | Електроенергетски системи |
Доколку наидете на проблеми, контактирајте нè на e-admin@feit.ukim.edu.mk

