Пристап до студентски сервиси

На секој студент на ФЕИТ му се доделени електронска адреса на студентскиот сервер за електронска пошта, корисничка сметка на порталот за електронско учење и кориснички профил за Microsoft 365. Подолу е објаснето каде се најавувате, како ја поставувате лозинката и на што служи секој од сервисите.

Каде се најавувате

Насекаде се најавувате со вашата факултетска адреса. Поштата и е-курсеви делат иста лозинка, а Microsoft 365 има своја одделна.

smail

Електронска пошта

Лозинка: матичниот број · 1 GB меморија.

Целата пошта пристигнува овде. Целокупната комуникација со наставниците, асистентите и службите на ФЕИТ се одвива преку факултетската адреса.

е-курсеви

Портал за електронско учење

Најава со истата лозинка како за smail.

Тука се материјалите за учење и тука се полагаат испитите.

Microsoft профил

Microsoft 365

Лозинката ја поставувате сами. Тука не пристигнува пошта. Секој редовен студент со запишан семестар добива лиценца Microsoft 365 A3.

Овој профил се користи и за најава на порталот за молби https://molbi.feit.ukim.edu.mk/, каде што поднесувате барања и молби до службите на ФЕИТ.

Која е мојата адреса?

Електронските адреси се во форма <studiska_programa><broj_indeks>@feit.ukim.edu.mk, каде што бројот на индексот е без косата црта. На пример, студент запишан на Телекомуникации и информациско инженерство со број на индекс 365/2026 би имал адреса tkii3652026@feit.ukim.edu.mk.

Изберете програма и внесете индекс

Електронска пошта и портал за електронско учење

Со нив работите од првиот ден.

Целата пошта пристигнува на smail. Пораките од наставниците, асистентите и службите на ФЕИТ ќе ги добивате на smail.feit.ukim.edu.mk. Во сандачето на Microsoft 365 нема да пристигнува пошта, затоа редовно проверувајте го smail.

Иницијална лозинка

Иницијалната лозинка е поставена да биде матичниот број на студентот. Може да ја промените преку веб-интерфејсот на smail.feit.ukim.edu.mk.

Иста лозинка за поштата и за е-курсеви

Електронската пошта и е-курсеви користат иста лозинка. Кога ќе ја смените лозинката на smail, автоматски се менува и лозинката за најава на е-курсеви.

Затоа, ако сакате да ја смените лозинката за е-курсеви, тоа се прави само преку smail. На самиот портал за е-курсеви лозинката не се менува.

Меморија

Количината на доделената меморија на секој корисник изнесува 1 GB (еден гигабајт). Тоа е просторот за сите пораки заедно со прилозите, затоа повремено бришете ги поголемите прилози за да не се наполни сандачето.

Комуникација со ФЕИТ

Најавувањето на порталот за електронско учење e-kursevi.feit.ukim.edu.mk, како и целокупната комуникација на студентот со наставниците, асистентите и службите на ФЕИТ, ќе се одвива преку факултетската електронска адреса на студентот.

На е-курсеви можете да се најавите и со профилот за Microsoft 365, но засега препорачуваме најава со лозинката за smail.

Кориснички профил за Microsoft 365

Дополнително, за секој студент е креиран и кориснички профил за Microsoft 365 на ФЕИТ. Корисничкото име е истата адреса. Со овој профил ги користите сервисите на Microsoft, а се користи и за најава на порталот за молби molbi.feit.ukim.edu.mk. Секој редовен студент со запишан семестар добива лиценца Microsoft 365 A3.

Внимание: лозинката за Microsoft 365 е одделна од лозинката за smail и не е матичниот број. Мора да ја поставите сами преку чекорите подолу.

Во сандачето на Microsoft 365 не пристигнува пошта. Поштата продолжува да пристигнува на smail.

  1. Отворете aka.ms/sspr или passwordreset.microsoftonline.com
  2. Внесете ја вашата адреса @feit.ukim.edu.mk и препишете ги знаците од сликата
  3. Изберете потврда преку е-пошта или преку СМС
  4. Кодот пристигнува на вашата лична е-адреса или на вашиот мобилен телефон, тие што ги дадовте при уписот
  5. Внесете го кодот и поставете нова лозинка

Дополнителна потврда при најава

При првата најава на Microsoft 365 ќе биде побарано да ја потврдите вашата најава. Доволен е еден од двата начина.

Препорачано

Microsoft Authenticator

Апликација за мобилен телефон (Android или iPhone). Работи и кога немате сигнал или кредит.

Алтернатива

Број на мобилен телефон

Код добиен преку СМС на бројот што го дадовте при уписот.

Кратенки на студиските програми

Прв циклус.

КратенкаСтудиска програма
ksiarКомпјутерско системско инженерство, автоматика и роботика
eaoieЕлектроенергетика, автоматизација и обновливи извори на енергија
ktiКомпјутерски технологии и инженерство
khieКомпјутерско хардверско инженерство и електроника
eepmЕлектроенергетика и проектен менаџмент
tkiiТелекомуникации и информациско инженерство
eesЕлектроенергетски системи

Доколку наидете на проблеми, контактирајте нè на e-admin@feit.ukim.edu.mk