Прва заедничка годишна конференција на докторски студии

Датум на настан: 26.05.2025

Универзитетската школа за докторски студии, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ја организира првата заедничка годишна конференција на докторските студии во летниот семестар во академската 2024/2025 година. Конференцијата ќе се одржи во периодот од 26. мај до 2. јуни 2025 на кампусот на Универзитетот. Докторантите од областите инженерство и технологија ќе ги презентираат своите достигнувања на 29. и 30. мај, во амфитеатарот на ФЕИТ/МФ.

Програмата е достапна на следната врска.