Интернет и мобилни сервиси и апликации (20-ИМСА)

КомпетенцииIII

Студиска програма: 20 – Интернет и мобилни сервиси и апликации (20-ИМСА)

Траење: 1 година

Број на ЕКТС кредити: 60 ЕКТС

Услови за запишување: Завршен прв циклус на студии (академски) на сродни студиски програми во земјата и во странство

Академски назив: Магистер по електротехника и информациски технологии од областа интернет и мобилни сервиси и апликации

Секторот на информациско-комуникациските технологии е во постојан пораст. Побарувачката за магистри профилирани во областа на Интернет и мобилни сервиси и апликации на пазарот на трудот во Република Македонија е голема, а со тоа и оправданоста за воведување на ваква студиска програма. Целта на студиската програма е да произведе кадар кој ќе биде носител на развојот на ИКТ секторот и севкупната економија  во Република Македонија.

Кандидатите кои ќе ја завршат студиската програма Интернет и мобилни сервиси и апликации конкурентно ќе настапат на пазарот на трудот со можност за вработување на респектабилни и врвни позиции во:

  • компании од ИКТ секторот
  • провајдери на комуникациски сервиси,
  • компании за развој на генерички и специјализиран софтвер
  • државни институции
  • регулаторни, надзорни и советодавни тела од областа на електронски комуникации и услуги
  • домашни и странски консултантски компании
  • сопствен бизнис
  • outsourcing и freelance пристап
  • факултети, универзитети
  • научно-истражувачки центри

Семестар 1
Задолжителни предмети
Шифра Предмет Кредити Фонд Вкупен расположив фонд на време (часови)
4ФЕИТ10015 Напредни апликации за мобилни уреди 6 3+3 180
4ФЕИТ11005 Напредни веб технологии и сервиси 6 3+3 180
4ФЕИТ07010 Напредни стандарди за складирање и обработка на податоци 6 3+3 180
  Изборен предмет 1 6 3+3 180
  Изборен предмет 2 6 3+3 180
  Вкупно 30 15+15 900
Изборни предмети
Код Предмет Кредити Неделен фонд на часови Вкупен расположив фонд на време(часови)
4ФЕИТ07001 Амбиентална интелигенција и паметни уреди 6 3+3 180
4ФЕИТ07002 Безбедност и надежност на компјутерско комуникациски системи 6 3+3 180
4ФЕИТ10001 Безжични мултимедиски мрежи 6 3+3 180
4ФЕИТ10002 Бизнис менаџмент во телекомуникациите 6 3+3 180
4ФЕИТ07004 Вештачка интелигенција и длабоко учење 6 3+3 180
4ФЕИТ10006 ИКТ за енергетска ефикасност и одржлив развој 2 6 3+3 180
4ФЕИТ10007 ИКТ решенија за паметно општество 6 3+3 180
4ФЕИТ10008 Интелигентни безжични инфраструктури: технологии и апликации 6 3+3 180
4ФЕИТ10010 Квантни комуникации и квантни пресметки 6 3+3 180
4ФЕИТ11002 Когнитивно пресметување во ИКТ 6 3+3 180
4ФЕИТ07006 Концепти за дизајн на системи за Интернет на нешта 6 3+3 180
4ФЕИТ10013 Мобилни мрежи 6 3+3 180
4ФЕИТ10014 Модерни безжични системи 6 3+3 180
4ФЕИТ12006 Наменски процесори 6 3+3 180
4ФЕИТ10016 Напредни интернет технологии 6 3+3 180
4ФЕИТ07009 Напредни концепти од оперативни системи 6 3+3 180
4ФЕИТ10017 Напредни техники за обработка на комуникациски податоци во мобилни и безжични мрежи 6 3+3 180
4ФЕИТ07012 Податочна наука и машинско учење 6 3+3 180
4ФЕИТ10019 Позиционирање и технологии за мобилност 6 3+3 180
4ФЕИТ07014 Пресметување во облак и платформи 6 3+3 180
4ФЕИТ10020 Проектирање на паметни уреди за Интернет на нешта 6 3+3 180
4ФЕИТ11006 Системи за дигитални трансакции 6 3+3 180
4ФЕИТ07015 Складишта и наменска обработка на податоци 6 3+3 180
4ФЕИТ10023 Софтверски дефинирани мрежи 6 3+3 180
4ФЕИТ10026 Стратешко планирање за телеком и Интернет иновации 6 3+3 180
4ФЕИТ10030 Теорија на кодирање, сигурносни комуникации и blockchain технологии 6 3+3 180
4ФЕИТ11001 Иноваторство и трансфер на технологии 6 3+3 180

Семестар 2
Задолжителни предмети
Шифра Предмет Кредити Фонд Вкупен расположив фонд на време (часови)
4ФЕИТ20 Истражувачки проект од областа на интернет и мобилни сервиси и апликации 6 0+6 180
4ФЕИТ00 Магистерски труд 24 720
  Вкупно 30 900