ИНОФЕИТ е македонски партнер на University Startup World Cup (USWC)

Објавено: април 5, 2019

University Startup World Cup (USWC) е глобален натпревар на иновативни универзитетски стартапи чиешто финале секоја година се одржува во Данска како земја со еден од најразвиените иновациски екосистеми во светот. Натпреварот започнува со online пријавување на заинтересираните универзитетски стартапи и online следење на работилници кои им овозможуваат на стартапите да развијат бизнис план кој ќе биде предмет на оценување. Најдобрите 40 универзитетски стартапи на светско ниво влегуваат во финалето кое ќе се одржи во период 30 октомври – 1 ноември и добиваат грант од 1000 долари за покривање на трошоците за престој во Копенхаген.

Оваа година, ИНОФЕИТ е локален македонски партнер на организаторот на натпреварувањето. Статусот на локален партнер гарантира дека на финалето сигурно ќе биде избран еден универзитетски стартап од нашата земја. Затоа ги повикуваме сите заинтересирани универзитетски стартапи да аплицираат за учество и да ја искористат ексклузивната можност да се поврзат со голема меѓународна мрежа на инвеститори и иноватори.

Повеќе детали околу натпреварот и пријавувањето има на: https://venturecup.dk/uswc/.